Четврта египетска династија

Четвртата династија на древниот Египет (династија IV) се одликува како „златна ера“ на Старото Кралство. Династијата IV траела од ок. 2613 до 2494  г. п.н.е.[1] Тоа било време на мир и просперитет, како и период во текот на кој се документирала трговијата со други земји.

Менкауре и неговата сестра-жена Хамерернебти II
Сфинга на Хетеферес II

Четвртата династија предводела во градбата на пирамидите. Релативниот мир на Третата династија им овозможи на владетелите на династијата IV слободно да истражуваат повеќе уметнички и културни определби. Експериментите за градење на фараонот Снофру довеле до еволуција, од мастаби и стилизирани слојни пирамиди, до „вистинските“ пирамиди, како што се оние на висорамнината Гиза. Ниту еден друг период во историјата на Египет не ги достигнал архитектонските достигнувања на Династија IV.[2]

Ова била втора од четирите династии што го сочинуваат „Старото Кралство“, и била дел од златното доба на египетската култура. Четвртата династија се одвивала помеѓу 2613 и 2494 г. п.н.е. Кралот Снофру, првиот крал на четвртата династија, ја држел територијата на древна Либија на Синајскиот Полуостров и Нубија на југ.

Владетели на Четвртата династија
Име на кралот Хорово (престол) име Датум Пирамида Имиња на
жените
Снофру Небма'ат 2613-2589 п.н.е. Црвена пирамида



Бент пирамида
Пирамида во Медум
Хетеферес I
Хуфу Меџеду 2589-2566 п.н.е. Голема пирамида од Гиза Мерититес I
Хенутсен
Џедефре Хепер 2566-2558 п.н.е. Пирамида на Џедефре Хетеферес II
Хентетка
Хафре Усериб 2558-2532 п.н.е. Пирамида на Хафре Мересанх III
Хамеренебти I
Хекенухеџет
Персенет
Менкауре Кахет 2532-2503 п.н.е. Пирамида на Менкауре Хамерернебти II
Шепсескаф ? ? 2518-2510 п.н.е. Клупата на фараонот во Сакара Бунефер
Комплексот на пирамиди во Гиза

Наводи уреди

  1. Shaw, Ian, уред. (2000). The Oxford History of Ancient Egypt. Oxford University Press. стр. 480. ISBN 978-0-19-815034-3.
  2. Egypt: Land and Lives of the Pharaohs Revealed, (2005), pp. 80–90, Global Book Publishing: Australia