Черноменски Санџак

Черноменски Санџак (османски турски: Çirmen Sancağı/Liva-i Çirmen) ― османлиска покраина од второ ниво (санџак или лива) што го опфаќала регионот околу Черномен (Орменио на грчки) во Тракија, денес Грција. Во 1829 година бил наследен од Одринскиот Санџак.

Черноменски санџак
османски турски: „Liva-i Çirmen“ (Лива-и Чирмен)
Санџак на Османлиската Империја

ок. 1371–1829
Главен град Првично Черномен, подоцна Одрин
Историја
 -  Османлиско освојување ок. 1371
 -  Преместување на седиштето во Одрин 1829
Денес во Бугарија
Грција
Турција

Историја уреди

Градот Черномен (грчки: Ὀρμένιον Орменион) бил освоен од Византиското Царство од Османлиите во 1371 година.[1] Со некои прекини, потоа бил средипте на посебна покраина (санџак), прво на Румелискиот Пашалак, а по почетокот на 17 век на Силистренскиот Пашалак.[1] Покраината се протегала над поголемиот дел од Родопите, средниот тек на Марица и горниот тек на Тунџа, понекогаш вклучувајќи го и градот Одрин, кој, како поранешен државен главен град (до 1453 година) во други времиња бил управуван како независен домен на круната.[2] По распуштањето на Силистренскиот Пашалак во 1812 година, пашалакот припаднал под Одринскиот Пашалак, а во 1829 година, главниот град бил преместен во Одрин.[3]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Birken (1976), p. 53
  2. Birken (1976), pp. 53, 98
  3. Birken (1976), pp. 84, 86

Извори уреди

  •  Birken, Andreas (1976). Die Provinzen des Osmanischen Reiches [Покраините на Отоманската Империја]. Beihefte zum Tübinger Atlas des Vorderen Orients, 13 (германски). Reichert. ISBN 3-920153-56-1.