Черешницасело во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Черешница
Черешница is located in Бугарија
Черешница
Черешница
Местоположба во областа
Черешница во рамките на Пиринска Македонија
Черешница
Местоположба на Черешница во Општина Свети Врач и Благоевградската област
Координати: 41°30′N 23°28′E / 41.500° СГШ; 23.467° ИГД / 41.500; 23.467Координати: 41°30′N 23°28′E / 41.500° СГШ; 23.467° ИГД / 41.500; 23.467
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСвети Врач
Површина
 • Вкупна24.044 км2 (9,283 ми2)
Надм. вис.&10000000000000362000000362 м
Население (2015)
 • Вкупно42
 • Густина0,0.017/км2 (0,0.045/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2824
Повик. бр.074388

Географија и местоположба уреди

Селото Черешница се наоѓа на 35 километри југоисточно од Свети Врач и 22 километри источно од Мелник и во близина на Долна Сушица. Селото се наоѓа во планински регион, на надморска висина од 362 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 24.044 км2.

Историја уреди

Османлиско Царство уреди

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Мелничката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Черешница (Tchéreschnitsa) е село со 150 семејства и 480 Македонци[1][2].

На 8 септември 1869 година, жителите на Черешница ги исфрлиле грчките книги од црквата и ги замениле со старословенски книги. Во 1871 година Атанас Попетров од Либјахово го отворил првото училиште во селото на народен јазик[3]. Во 1872 година, локалниот патриот Хаџи Ангел Јанев, бил во обиколка низ селата во околината и собрал значителна сума на пари за училиштето од Дупница, Горна Џумаја, Софија, Русе и други општини[4].

За време на задушувањето на Кресенското востание, Башибозуците предводени од Јусуф Ефенди го опустошиле селото и ги заклале жителите на Черешница[5]. Британскиот конзул во Софија Вилијам Палграјв пишува дека во масакрот биле вклучени редовни трупи. Во извештајот од 25 ноември 1878 година, тој ги опишал настаните на следниов начин:

... се состои од сто и педесет куќи, со целосно бугарско население, што изнесуваше, како што велат, горе долу околу осумстотини луѓе, беше ненадејно и без никакво предупредување опкружено и нападнато од мешани турски сили, делумно редовни и делумно башибозук, командувани од турски офицер. Веднаш ги нападнале и ги убиле жителите кои не покажале отпор, го ограбиле селото, а потоа го запалиле. Од целото село, само девет лица, имено четворица мажи, три жени и две деца, успеале да избегаат. Тие пристигнаа минатата недела на бугарска територија во Ќустендил, а едниот од нив, од кого во присуство на владиката на градот беше запишана суштината на горенаведените информации, дошла во Софија. За жал, неговата приказна добии доволни потврди од сите места што се случувало.[6]


Тој исто така претпоставил и дека една од причините за колењето е ставот на селото кон црковно-просветелната борба:

Село Черешница не зело учество во востаничкото движење. Но жителите пред осум години ја смениле фанариотската со егзархиската власт и основале училиште во селото за децата. Затоа се смета дека колењето извршено од страна на турските војници можеби се должело и на грчка поткрепа во настаните.[6]


Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Черешница, на СИ од Валовишта, 1/2 час до Ковачово. Почва - плодородна во жита и грозје; произведува се и вино. Во црквата се чита на бугарски. Училиште нема. Куќи 70.[1][7]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 440 жители, сите Македонци[1][8]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 520 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[1][9].

Бугарија уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население[1][10] уреди

Население на Черешница по попис[10]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 263 401 445 317 200 145 111 68 46 42
Население по возраст
од 2011 година
[11]:

Културни и природни знаменитости уреди

Селото има форма на потковица, свртена кон југ. Во западниот правец на селото може да видат Мелничките пирамиди. Поради нивната голема побожност, луѓето обновиле три параклиси - Света Петка, Света Марија и Свети Ѓорѓи. Црквата „Свети Никола”, сместена во центарот на селото, е од 19 век, изградена во два дела - машки и женски.

Во селото, пролетта доаѓа рано, а есента доцни.

Редовни настани уреди

Еден од најголемите настани е селскиот панаѓур, кој се слави на крајот на јули во чест на „Св. Петка “. Првично, панаѓурот бил организиран во октомври, но поради студеното време, неговото прославување се префрлило. Легендата вели дека пред околу 100 години, децата од селото доживеале несреќи и умреле. Еден свештеник рекол дека во оваа област, веднаш под едно дрво, жителите ќе најдат икона на „Св. Петка “. Луѓето од селото се собрале иза почнале да копаат во корените на дрвото. Додека копал, 12-годишно девојче паднало во ископнината. Сите се плашеле дека повторно ќе завладее несреќа, но девојчето било живо и здраво и ги повикал на селаните да продолжат со копањето. Така била пронајдена икона на светицата во корените на дрвото. Тие изградиле капела во нејзина чест. Оттогаш, ова место, кој се наоѓа на околу 2 км од селото Чересница, е наречен „Св. Петка“.

Личности уреди

Родени во Черешница
  • Атанас Василев, деец на ВМРО[12]
  • Ангел Јанев, општественик
  • Васил Черкезов (? – 1925), македонски револуционер[13] четник на Јане Сандански, оженет за вдовицата на убиениот од Сандански Борис Шабов од Черешница,[14] обесен од михајловистите во 1925 година во Мелник заедно со неговите два сина Атанас и Борис[12][15]
  • Георги Манолов Илиев, полковник
  • Димитар Ангелов (ок.1830 – 1897), поп од селото
  • Стамат Неделчев (1874 – ?), македонски револуционер
  • Стојан Борисов, народен пејач.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  2. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 138-139.
  3. Тасев, Христо. „Борба за национална просвета в Мелнишкия край“. София, 1987, стр. 53.
  4. Ванчев, Йордан. „Новобългарската просвета в Македония през Възраждането“, София, 1982, стр. 82
  5. Дойнов, Дойно. Кресненско-Разложкото въстание 1878 – 1879, София 1979, с. 92 – 93, 110.
  6. 6,0 6,1 Британски дипломатически документи по българския национален въпрос, т. 1, (1878 – 1893), с. 62 – 63 (в доклад от декември 1878 г., Палгрейв уточнява, че нападателите са редовна войска и черкези, с. 80, 88).
  7. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVI, 1891, стр. 854.
  8. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189.
  9. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192 – 193.
  10. 10,0 10,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Черешница , общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  11. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2012-04-22. Посетено на 2012-03-18.
  12. 12,0 12,1 Пърличев, Кирил (1999). 36 години във ВМРО. Спомени на Кирил Пърличев. София: Веда МЖ. стр. 598.
  13. Николов, Борис. ВМОРО – псевдоними и шифри 1893 – 1934, Звезди, 1999, стр. 100
  14. Хаджиев, Кирил Николов (1994). Мъртвите не възкръсват: Спомени. София: Любомъдрие. стр. 8.
  15. Хаджиев, Кирил Николов (1994). Мъртвите не възкръсват: Спомени. София: Любомъдрие. стр. 20.