Чен Деминг

министер за трговија на Кина

Чен Деминг (кин. 陈德铭; пинјин: Chén Démíng; р. 1949) е министер за трговија на НР Кина. На функцијата е назначен на 29 декември 2007 г. од страна на Постојаниот комитет на Националното народно собрание[1].

Чен Деминг во 2009 г.

Животопис уреди

Чен е роден во Шангај. Во септември 1974 г. се зачленил во КПК. Дипломирал економија, а докторирал на тема државна администрација на Нанѓиншкиот универзитет.

Служел како градоначалник на Суџоу, а потоа и како секретар на обласниот комитет на КПК. Од 2004 до 2006 г. бил на должноста управител на покраината Шенси. Подоцна е назначен за заменик-секретар на Националната комисија за развој и реформи, каде се занимавал претежно со планирање и стратегии во енергетското стопанство.

Белешки уреди

Политички функции
Претходник
Џиа Џебанг
Управител на Шенси
2004–2006
Наследник
Јуен Чунчинг
Владини функции
Претходник
Бо Силај
Министер за трговија
на НР Кина

2007–
Наследник