Челопек (Кумановско)

село во Општина Старо Нагоричане, Кумановско

Челопек — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Челопек

Панорамски поглед на селото Челопек

Челопек во рамките на Македонија
Челопек
Местоположба на Челопек во Македонија
Челопек на карта

Карта

Координати 42°13′37″N 21°49′35″E / 42.22694° СГШ; 21.82639° ИГД / 42.22694; 21.82639
Регион  Североисточен
Општина  Старо Нагоричане
Област Козјачија
Население 165 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1303
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17106
Надм. вис. 398 м
Слава Духовден
Челопек на општинската карта

Атарот на Челопек во рамките на општината
Челопек на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Поглед на едно од маалата

Населбата се наоѓа во областа Козјачија, во западниот дел на територијата на Општина Старо Нагоричане. Селото е ридско, на надморска височина од 450 метри.[2] Од градот Куманово селото е оддалечено 18 километри.[2]

Куќите на ова село се наоѓаат десно од долината на Пчиња. Околни села се: Старо Нагоричане, Алгуња и Никуљане.[3]

Атарот зафаќа површина од 15,6 км2. На него обработливото земјиште зафаќа површина од 754 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 620 хектари.[2]

Челопек е село од разбиен тип. Најголеми маала се Вишинско и Горно Маало. Во најголем дел, во маалата живеат роднински поврзани домаќинства.[3]

Историја уреди

Во селото постојат многу остатоци од минатото. Местото е населено уште од праисторијата, за што сведочи наоѓалиштето Кула (Челопечка Кула) над селото, каде се остатоци на тврдина со замок и некропола од доцната антика.[4] Во денешното маало Селиште се наоѓаат остатоци на средновековна црква во рушевини. Долга 14 метри, широка 8, со ѕидови дебели и до 60 сантиметри. Селаните веруваат дека црквата била наречена „Св. Ѓорѓи“.[3]

Денешното село Челопек е основано од две домаќинства пред околу 170 години. Од нив потекнуваат родовите Јелинци и Ѓоревци. Предците на останатите родови се доселувани после нив, главно од Младо Нагоричане.[3]

Во XIX век, Челопек било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.

До 1912 година, селото било подложно на напади на Арбанаси.[3]

По завршувањето на Првата светска војна, во селото била изградена костурница за загинатите српски четници (околу 30 души) во периодот од 1909 до 1912 година. Костурницата е сместена во близина на срушената црква.[3]

Стопанство уреди

Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Жителите на селото се занимаваат со сточарство и садење жито.[3]

Население уреди

 
Поглед на селото Челопек (во позадина), во предниот дел се гледа селото Пузајка, од регионалниот пат кон селото Кокино
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948809—    
1953810+0.1%
1961768−5.2%
1971555−27.7%
1981461−16.9%
ГодинаНас.±%
1991319−30.8%
1994252−21.0%
2002283+12.3%
2021165−41.7%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Челопек имало 525 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Челопек имало 600 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Македонци и 50 други.[7]

Челопек во 1961 година имало 768 жители, од кои 751 биле Македонци, а 17 жители Срби, додека во 1994 година бројот се намалил на 252 жители, од кои 226 биле Македонци и 25 жители Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Челопек имало 283 жители, од кои 277 Македонци и 6 Срби.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 165 жители, од кои 141 Македонец, 1 Албанец, 8 Срби и 15 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 525 600 809 810 768 555 461 319 252 283 165
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови уреди

Најстари родови и основачи на селото се: Јелинци (27 к.) и Ѓорѓевци (10 к.), слават Митровден.[3]

Останати родови се: Вишинци (35 к.), слават Свети Никола, доселени од Младо Нагоричане; Албанци (4 к.) и Таратунци (2 к.), слават Свети Никола, гранка на Вишинци; Пашинци (12 к.), слават Свети Ѓорѓи; Дошљаци (14 к.), слават Свети Архангел, доселени од негде; Љатинци (5 к.), слават Митровден, доселени од негде; Балабанци (3 к.), слават Петковден, доселени од Нерав; Марцанци (3 к.), слават Свети Архангел; Рајинци (2 к.), слават Свети Никола.[3]

Општествени установи уреди

 
Поранешна разрушена градба во селото
  • Основно училиште

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Челопек, во која влегувале селата Алгуња, Гулиновац и Челопек.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Старо Нагоричане, во која покрај селото Челопек се наоѓале и селата Алгуња, Никуљане, Старо Нагоричане и Челопек.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Куманово.

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви[2]
  • Црква „Св. Троица“ — црква од XVI - XVII век, денес во урнатини; прогласена за културно наследство на Македонија[14]
Археолошки наоѓалишта[4]

Редовни настани уреди

Иселеништво уреди

Род Челопечани се иселил во кумановското село Стрновац.[3]

По војната, иселувањата главно биле кон градовите Куманово, Скопје, Ниш и Белград.[3]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 317. Посетено на 3 мај 2017.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје. |access-date= бара |url= (help)
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 224. ISBN 9989-649-28-6.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 216.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 128-129.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2017.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.

Надворешни врски уреди