Часот на волкот (шведски: Vargtimmen) - шведски филм од 1968 година, во режија на Ингмар Бергман, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Макс фон Сидов, Лив Улман, Ингрид Тулин, Гертурд Фрид, Ерланд Јозефсон итн.

Содржина уреди

Сликарот Јохан Борг (го игра фон Сидов) живее на осамен остров со својата бремена сопруга Алма (ја игра Улман). Тој се наоѓа во сериозна психичка и креативна криза, страда од несоница и доживува бројни кошмари. Алма го открива неговиот дневник и, читајќи го, дознава за неговите скриени желби и тајни. Јохан среќава таинствени ликови на островот, кои живеат во еден замок. Тој и Алма се поканети на вечера во замокот и таму Алма ја здогледува сликата што ја насликал Јохан, а на која е прикажана Вероника Фоглер, жената со која Јохан бил во љубовна врска во минатото. Исто така, Јохан ѝ ја кажува својата тајна за убиството на едно дете. Еден ден, еден од ликовите кои ги среќава Јохан, докторот, ги посетува Јохан со покана да дојде на забава во замокот на која ќе може повторно да ја види Вероника. Притоа, докторот му остава пиштол, а Јохан пука во својата сопруга. Во замокот тој ја среќава Вероника, која лежи гола во една соба, прекриена со бела покривка, како да е мртва. Тој започнува да ја милува, но тогаш во собата се појавуваат сите жители во замокот и го исмејуваат. И покрај пукањето, Алма не е мртва и таа го следи Јохан, кој заминува во шумата. Таму, Алма ги здогледува ликовите од замокот, но не може да го пронајде својот сопруг, кој мистериозно исчезнува.[1]

Улоги уреди

Наводи уреди