Чарлстаун (Свети Кристофер и Невис)

Чарлстаун е главниот град на островот Невис во карипската држава Свети Кристофер и Невис. Чарлстаун се наоѓа во западниот дел од островот. Чарлстаун е административен центар на парохијата Сент Пол Чарлстаун. Гратчето има околу 2204 жители.

Чарлстаун
Charlestown
Главна улица во Чарлстаун
Главна улица во Чарлстаун
Главна улица во Чарлстаун
Mестоположба
Координати

17°08′20″, 62°37′27″

Општи податоци
Име
- изворно
Чарлстаун
  Charlestown
Управа
Држава Свети Кристофер и Невис
Остров Невис
Парохија Сент Пол Чарлстаун
Географија
Надморска височина 15 m
Население
Население 2204
Родната куќа на Хамилтон, денес Музеј на Невис.

Особености уреди

Во близина на гратчето, во јужниот дел, се наоѓа тврдината Чарлс, која имала значајна улога за заштита на населеното место во историјата. На север од гратчето се наоѓа тврдината Блек Рокс. Повеќето од двоспратните камени куќи во гратчето биле уништени од земјотреси. Таквата природна појава довела до градење на двоспратни куќи, каде долниот дел е изграден од камен, а горниот од дрво.

Чарлстаун е родното место[1] на Александар Хамилтон, каде и го поминал своето детство. Родната куќа на Хамилтон денес е реставрирана и во неа, во долниот спрат, се наоѓа Музејот на историјата на Невис, а на горниот спрат се наоѓа Административното собрание на островот Невис. Во градот има уште два музеја, Музејот Нелсон и Спортскиот музеј на Невис.

Со своите 2000 жители, Чарлстаун е главен административен и трговски центар на островот. Градот е најнаселено место на Невис и поради тоа е главно сообраќајно место. Во Чарлстаун има современо пристаниште.

Наводи уреди

  1. "Everybody's Person of the 20th century: St. Kitts & Nevis," Robert Bradshaw, Everybody's Vol: 23 Issue: 11 ISSN: 1072-3099 Date: 12/1999 Start Page: 32

Поврзано уреди

Координати: 17°08′35″N 62°37′37″W / 17.14306° СГШ; 62.62694° ЗГД / 17.14306; -62.62694