Чанаккале

град во Турција

Чанаккале (турски: Çanakkale, چینک قلعه‎, грчки: Δαρδανέλλια,) — град во Мраморен регион во Турција и главен град на истоимената провинција. Градот се наоѓа на брегот на Дарданелите и според податоци од 2014 година има 186.116 жители[3]. Моментален градоначалник е Улуѓур Ѓокхан од Републиканска народна партија.

Чанаккале
Општина
Чанаккале is located in Турција
Чанаккале
Чанаккале
Координати: 40°09′21″N 26°24′49″E / 40.15583° СГШ; 26.41361° ИГД / 40.15583; 26.41361
Земја Турција
ПокраинаЧанаккале
Управа
 • ГрадоначалникУлуѓур Ѓокхан (Републиканска народна партија)
Површина[1]
 • District937,82 км2 (36,209 ми2)
Население (2012)[2]
 • Градскo111.137
 • Реон143.041
 • Реон густина1,5/км2 (4,0/ми2)
Рег. таб.17
Мреж. местоwww.canakkale.bel.tr

Дрвениот коњ од филмот „Троја“ од 2004 година е изложен на брегот во градот.

Макета на Тројанскиот коњ, користена во филмот Троја, подарок од Бред Пит за турскиот град Чанаккале.

Име уреди

Чанаккале порано бил град кој се викал Кале-и-Султаније или „тврдина на султанот„, име кое било усвоено како официјален термин за градот во 1890 година,[4]. Од крајот на 17 век местото станало познато по својата стаклената керамика, од каде и произлегува нејзиното денешно име. Грчкиот назив за градот е Дарданелија[5].

Заочнувајќи од 1920 година, Британците започнале местото да го нарекуваат Чанак, Кале Султаније или Чанаккале, во нивните извештаи[6].

Историја уреди

Првите жители на Чанаккале живееле во областа Бига во бакарно време пред 6.000 години. Денеска многу малку се знае за идентитетот и начинот на живот на овие рани доселеници. Според некои ископувања и истражувања, најраните населби во регионот биле откриени во Кумтепе. Се претпоставува дека Кумкале бил основан во 4.000 година п.н.е. и Троја помеѓу 3.500-3.000 г.

Еолците во регионот се населиле во 8 век п.н.е. и основале трговски колонии во регионот наречен Аеолис. Регионот бил ставен под контрола на Лидијанците во 7 век п.н.е., и под контрола на Персијците во 6 век п.н.е., додека Македонците на чело со Александар Велики ја поразиле Персија во Битката кај Граник во 334 година п.н.е. Регионот бил под власта на Кралството Пергам во 2 век п.н.е.

Тврдината на местото каде денеска се наоѓа градот била изградена во 1462 година во времето на Мехмед II. Тврдината била позната како Кали-и-султаније, бидејќи еден од синовите на султанот учествувал во неговата изградба. Тврдината била изградена на одлична позиција за контрола на сообраќајот низ Дарданелите. Во следниот период била изгра уште една тврдина, по кое градот започнал да се шири кон североисточната страна. Во овој период во градот се населиле Ерменци и шпански евреи.

Еврејското население по нивното протерување од Шпанија и нивното населување во Чанаккале претставувале голема заедница кои главно работеле во контролата на сообраќајот и како конзуларни агенти за многу европски земји. Во 1890 година во градот биле регистрирани 1.805 Евреи од вкупно 10.862 жители, 3.551 биле муслимани, 2.577 биле Грци, 956 Ерменци.

Западниот дел на полуостровот Бига била наречена Троја. Александрија Троада, како важна населба од регионот, претставувала порта за слободна трговија во регионот и градот бил богат трговски центар во римско време. Подоцна во текот на 2 век од н.е., регионот бил нападнат од страна на Готите од Тракија. Во текот на 7 и 8 век, за да го нападнат Цариград, Арапите на неколкупати го напаѓале регионот преку Сестос. На почетокот на 14 век, Каресидите го формирале својот бејлик во овој регион. Османлиите ја презеле контролата врз Галиполе во 1367 година.

Во 1915 година, за време на Првата светска војна се одвила Галиполската опрерација или Битката кај Чанаккале се одвила во текот на март 1915 година. Целта на операцијата била по крајот на оваа битка да се навлезе кон престолнината Цариград и да се обезбеди патот кон Русија во корист на силите на Антантата. Овој обид не бил успешен и имал големи загуби и на двете страни. Овој поход се смета за една од најголемите победи на Турците во текот на Првата светска војна, каде како командант на османлиските сили раководел Мустафа Кемал Ататурк. Поради минирање на регионот, голем дел од сојузничката морнарица била уништена со експлозив и бродовите HMS Triumph, HMS Ocean, HMS Goliath и HMS Irresistible потонале.

Започнувајќи од 1920 година, во градот се проценува дека живееле околу 22.000 луѓе. Градот се претворил во пристаништен град, како место за запирање на бродови кои патуваат низ теснецот. Тоа

Клима уреди

Климатски податоци за Чанаккале
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 19.9
(67.8)
21.2
(70.2)
24.2
(75.6)
26.1
(79)
32.1
(89.8)
36.8
(98.2)
39.0
(102.2)
38.6
(101.5)
35.4
(95.7)
31.7
(89.1)
25.2
(77.4)
22.5
(72.5)
39
(102.2)
Прос. висока °C (°F) 9.6
(49.3)
9.8
(49.6)
12.3
(54.1)
16.9
(62.4)
22.4
(72.3)
27.7
(81.9)
30.6
(87.1)
30.3
(86.5)
26.0
(78.8)
20.5
(68.9)
15.4
(59.7)
11.3
(52.3)
19.4
(66.91)
Сред. дневна °C (°F) 6.2
(43.2)
6.5
(43.7)
8.3
(46.9)
12.5
(54.5)
17.5
(63.5)
22.4
(72.3)
25.0
(77)
24.8
(76.6)
20.8
(69.4)
16.0
(60.8)
11.9
(53.4)
8.4
(47.1)
15.03
(59.03)
Прос. ниска °C (°F) 3.3
(37.9)
3.4
(38.1)
5.0
(41)
8.7
(47.7)
12.9
(55.2)
17.1
(62.8)
19.8
(67.6)
19.9
(67.8)
16.1
(61)
12.3
(54.1)
8.2
(46.8)
5.3
(41.5)
11
(51.79)
Најниска забележана °C (°F) −8.6
(16.5)
−11.2
(11.8)
−8.4
(16.9)
−1.3
(29.7)
3.4
(38.1)
8.4
(47.1)
11.6
(52.9)
11.6
(52.9)
8.2
(46.8)
0.4
(32.7)
−2.8
(27)
−7.2
(19)
−11.2
(11.8)
Прос. врнежи мм (ин) 85.3
(3.358)
66.2
(2.606)
65.8
(2.591)
47.3
(1.862)
32.1
(1.264)
23.1
(0.909)
14.6
(0.575)
6.9
(0.272)
21.9
(0.862)
58.0
(2.283)
89.1
(3.508)
102.4
(4.031)
612.7
(24.121)
Прос. бр. дождливи денови 10.9 10.3 9.0 8.4 5.6 4.3 3.6 2.1 3.6 6.6 9.1 12.1 85.6
Сред. бр. сончеви часови месечно 105.4 123.2 170.5 219.0 294.5 333.0 365.8 350.3 267.0 195.3 132.0 93.0 2.649
Извор: Devlet Meteoroloji İşleri Genel Müdürlüğü [7]

Образование уреди

 
Поглед кон пристаништето
 
Тврдината во градот

Бројот на образовни институции во градот е над просекот на земјата. Постојат 13 средни училишта и академија во рамките на границите на градот. Универзитетот Чанаккале Онсекиз Март има 12 факултети и опслужува повеќе од 37.500 студенти. 30% од населението на градот се дипломирани.

Сообраќај уреди

Чанаккале има еден аеродром, што е оддалечен 3 километри од центарот на градот. Аеродромот има секојдневни линии до Истанбул и Анкара.

Поморскиот транспорт е од витално значење за градот бидејќи се наоѓа на два континенти (Европа и Азија).

Чанаккале е поврзан северно, источно и јужно со добро асфалтираните патишта E87/E90, D-550, E90/D200 и E87/D550. Постојат автобуси од Истанбул и Измир во секое време на денот или ноќта.

Луѓе уреди

Наводи уреди

  1. „Површина на областите (со езера) во км²“. База на обласна статистика. Статистички завод на Турција. 2002. Посетено на 2013-03-05. (турски)
  2. „Население на покраинските/окружните центри и паланки/села во 2012 г.“. База на податоци за населението по системот ABPRS. Статистички завод на Турција. Посетено на 2013-02-27.
  3. Statistical Institute
  4. J.M.Cook, The Troad:An Archaeological and Topological Survey, Clarendon Press Oxford 1973 p.53, and n.3.
  5. Régis Darques, Salonique au XXe siècle: De la cité ottomane à la métropole grecque, editions CNRS 2000 p.299.
  6. Prothero, G.W. (1920). Anatolia. London: H.M. Stationery Office.
  7. İl ve İlçelerimize Ait İstatistiki Veriler- Meteoroloji Genel Müdürlüğü

Надворешни врски уреди