Цуцулеста кукавица

Цуцулеста кукавица
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Кукавицовидни
Семејство: Кукавици
Род: Clamator
Вид: Цуцулеста кукавица
Научен назив
Clamator glandarius
(Linnaeus, 1758)
Clamator glandarius + Corvus cornix

Цуцулестата кукавица (науч. Clamator glandarius) е член на семејството кукавици од редот на кукавицовидните. Се среќава и во Македонија.

Распространетост уреди

Цуцулестата кукавица е распространета низ југоисточна и југозападна Европа и западна Азија. Таа е птица преселничка која зимува во Африка.

Опис уреди

Овој вид кукавица е само малку поголема од обичната кукавица, со должина од 35 до 39 см, но изгледа многу поголема заради широките крилја и долгата и тенка опашка. Возрасната единка е сива одозгора, со вито тело, долга опашка и силни нозе. Има сива капа и цуцулка, сиви крилја, жолтеникаво лице и гради, а одоздола е бела. Половите се слични. Младенчињата имаат темносиви горни делови и капа и кафени примарни пердуви на крилјата. При лет наликуваат на враните.

Размножување уреди

Цуцулестата кукавица, како и другите кукавици е одгледувачки паразит, односно ги несе своите јајца во туѓи гнезда, особено во гнездата на враните, а најмногу на страчките. За разлика од обичната кукавица, ниту женката, ниту испилените малечки, не ги буткаат јајцата на домаќинот од гнездото. Но, малите страчиња често умираат зашто не можат да се натпреваруваат со кукавицата за храна.

Живеалиште и исхрана уреди

Цуцулестата кукавица е птица на топлите отворени предели со дрвја. Се храни со инсекти, пајаци, мали влекачи и влакнести гасеници кои им се невкусни на другите птици, а за нив се специјалитет. Се огласуваат со гласни варијации на гракање како чер-чер-кри-кри, повторно имитирајќи ги страчките.

Наводи уреди

  1. BirdLife International (2012). Clamator glandarius. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.

Надворешни врски уреди