Црн Врв

село во Општина Студеничани

Црн Врв — село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје.

Црн Врв
Црн Врв во рамките на Македонија
Црн Врв
Местоположба на Црн Врв во Македонија
Црн Врв на карта

Карта

Координати 41°48′43″N 21°22′40″E / 41.81194° СГШ; 21.37778° ИГД / 41.81194; 21.37778
Регион  Скопски
Општина  Студеничани
Област Торбешија
Население 311 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1050
Повик. бр. 02
Шифра на КО 25025
Надм. вис. 1000 м
Црн Врв на општинската карта

Атарот на Црн Врв во рамките на општината
Црн Врв на Ризницата
Друг поглед на селото.

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во крајниот југозападен дел на Скопската Котлина, во областа Торбешија. Атарот е мошне голем, со површина од 61,6 км2. Сместен е во изворишното подрачје на Маркова Река и се протега кон северните падини и сртот на Јакупица.[2]

Историја уреди

 
Стари куќи.

Подрачјето околу Црн Врв е населено уште во доцната антика за што сведочат остатоците од градиште и збег во наоѓалиштето Кале на 2 км југоисточно од селото.[3]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува селото (Crnivrh) како албанско село.[4]

На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал селото (Църни връх) како албанско.[5]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948759—    
1953842+10.9%
1961690−18.1%
1971535−22.5%
1981773+44.5%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
1994986—    
2002700−29.0%
2021311−55.6%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 21 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 66 мажи муслимани, со 3 новороденчиња. Било забележано дека 11 мажи муслимани со семејствата тазе се доселиле во Црн Врв. Се проценува дека селото во тој период имало 160 жители.[6]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 176 жители.[7]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Црн Врв живееле 210 жители, сите Албанци.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 500 Албанци.[9]

Населението на Црн Врв четирикратно пораснало во првите децении на XX век. Во 1960-тите доживеало извесен пад, но потоа почнало повторно да се накачува. Во пописите големи делови од населението наизменично се изјаснувале како „Турци“ или „Албанци“, со што се постаува прашањето дали не се работи за Македонци-муслимани. Почнувајќи од 2002 г. речиси сето население почнало да се изјаснува како албанско.

Според пописот од 2002 година, во селото Црн Врв живееле околу 700 жители, од кои 686 Албанци, 1 Македонец и 13 останати.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 311 жители, од кои 65 Албанци, 1 Турчин, 2 останат и 244 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 210 759 842 690 535 773 0 986 700 311
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови уреди

Црн Врв е албанско село.

Според истражувањата од 1950 година, родови во селото:

  • Доселеници: Папузалар (13 к.), Сефулас (16 к.) и Мајљес (12 к.) по потекло се од северна Албанија. Во првиот род се знае следното родословие. Селман (жив на 40 год. во 1950 година) Сакип-Рушит-Адем-Садик-Имер, кој се доселил во селото.  Во родот Мајљес се знае следното родословие. Сејдин (жив на 50 год. во 1950 година) Елмаз-Јусуф-Јонуз-Исмаил, кој се доселил во селото. Од родот Сефулас има иселеници во Ново Село (Зеадиновци); Сенца (19 к.) доселени се од селото Сенце во Горна Река, подалечно потекло од северна Албанија. Имаат роднини во селото Цветово (Јашаровци) и во Ново Село (Куртиш и Нури); Штутк или Рекалар (13 к.) доселени се од некое село во Горна Река, подалечно потекло од северна Албанија; Беч (13 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија. Го знаат следното родословие. Ферук (жив на 38 год. во 1950 година) Рамадан-Муарем-Суљо-Ибиш, кој се доселил во селото. Имаат свои иселеници во селото Ново Село (Касамовци). А имаат свои роднини и во селата Нов Пустеник кај Качаник, и во селото Глажња кај Куманово.[16]

Стопанство уреди

Црн Врв има мешовито стопанство. Според податок од 1998 г. селото располага со 3.088 ха пасишта, 2.317 ха шуми и 347 ха обработливо земјиште.[2]

Општествени установи уреди

Културни и природни знаменитости уреди

Џамии
Археолошки наоѓалишта
  • Кале — градиште-кастел и збег од доцноантичко време
Реки

Иселеништво уреди

Според истражувањето од 1950 г. во с. Цветово живеел родот Јашаровци (3 куќи) кој бил дојден од Црн Врв, а водел подалечно потекло од Горна Река. Потоа и во Скопје (15 семејства) и во Турција (10 семејства). Иселеништвото продолжило во годините и потоа.[16]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 314. ISBN 9989-862-00-1.
  3. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 388. ISBN 9989-649-28-6.
  4. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  5. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
  6. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  7. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  8. Васил К'нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 241.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. 16,0 16,1 Ф. Трифуноски, Јован (1958). „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“ (српски). Филозофски факултет Скопје. стр. 174-176.

Надворешни врски уреди