Црно тело — идеализирано физичко тело кое ги впива сите електромагнетни зрачења, независно од честотата и аголот на упаѓање. Бело тело е тело со „нерамана површина од која се одбиваат сите упадни зрачења подеднакво во сите правци.“[1]

Како што температурата се намалува, нејзината јачина исто така се намалува и максимумот се поместува кон подолгите бранови должини. За споредба се прикажани класичниот Рејли–Џинсов закон и неговата ултравиолетова катастрофа.
Зрачење на апсолутно црно тело.

Црното тело при топлинска рамнотежа оддава електромагнетно зрачење наречено црнотелесно зрачење. Зрачењето се оддава според Планковиот закон, што значи дека спектарот е определен само од температурата, но не и од обликот или составот на телото.

Црно тело во топлинска рамнотежа покажува две својства:[2]

  1. Станува збор за идеален оддавач: на секоја честота, оддава енергија колку или повеќе енергија од кое било друго тело на истата температура.
  2. Стануа збор за дифузен оддавач: енергијата се зрачи изотропно, независно од насоката.

Приближно тело кое би наликуало на црната површинае дупка во ѕидот во голема просторија (Погледајте подолу). Секоја светлина која ќе влезе во дупката се одбива наад бесконечно или паке е впиена во внатрешноста и не постои можност повторно да се појави, што ја прави дупката скоро перфектен впивач. Зрачењето насобрано во ваквиот затворен простор може и не мора да биде во топлинска рамнтежа, зависно од природата на ѕидовите и другата содржина во затворениот простор.[3][4]

Постоечките материјали оддаваат енергија во делови—способност наречена емисвност—или енергетски нивоа на црното тело. По дефиниција, црно тело во топлинска рамнотежа има емисивност ε = 1.0. Извор со помала емисивност независна од честотата најчесто се нарекува сиво тело.[5][6] Изработката на тела кои би имале емисивност близу до единица е моментален интерес во науката.[7]

Во астрономијата, зрачењето од ѕвездите и планетите е понекогаш карактеризирана преку делотворната температура, Температурата на црните тела која ќе оддаде вкупен тек на електромагнетна енергија.

Дефинирање уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Planck 1914, стр. 9–10
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Massoud.
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Landsberg.
  4. Planck 1914, стр. 44, §52
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име emissivity.
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име gray_body.
  7. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Chun.

Надворешни врски уреди

  • Lori J. Keesey. „Blacker than black“. NASA. Архивирано од изворникот на 2020-06-14. Посетено на 2012-02-01. A description and video of work done making "blacker-than-pitch" materials using carbon nanotubes at the NASA Goddard Space Flight Center.