Црна Гора (Егејска Македонија)

планина во североисточниот дел од Егејска Македонија

Црна Гора (грчки: Μαύρο Βουνό, Мавро Вуно, турски: Karadag) — мала планина во североисточниот дел на Егејска Македонија (денес во Грција) и недалеку од границата со Пиринска Македонија (денес во Бугарија). Претставува своевиден центар на историско-географската област Мрвачко. Највисокиот врв го носи истото име Црна Гора (Мавро Вуно) и висок е 1.653 метри. Вториот е висок 1.475 метри и се нарекува Железна Гора (Сидировуни). Планината е сместена на границата помеѓу Серско од запад и Драмско од исток. На север се поврзана со планината Славјанка (Алиботуш или Орвилос) преку седлото Бели Пресеки, а на југозапад со планината Шарлија (Врондус) преку Црвиловското Седло. На југ се наоѓа планината Сминица (или Серски Боздаг; гр. Меникио), сврзана во посредство на седлото Узунџа. Во западното подножје на Црна Гора се наоѓа Крушевската, во источното Елешката, а во јужното Горнобродската Котлина.

Црна Гора
Поглед на планината Црна Гора од северните падини на Сминица. Лево во далечината се гледа масивoт на Славјанка
Највисока точка
ВрвЦрна Гора
Надм. вис.1.653 м
Географија
Црна Гора на карта

Карта

МестоСерски и Драмски округ, Егејска Македонија (денес во Грција)
ЗемјаГрција

Стопанска важност уреди

За време на османлиското владеење, планината претставувала главен извор на железна руда (магнетитен песок) за железарската индустрија во Мрвачко. На падините на Црна Гора се сместени некогаш важните рударски и железарски села — Трлис, Старчишта, Долно Броди и Горно Броди.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Георгиев, Георги К. "Железодобивната индустрия в Мървашко (планината Алиботуш и съседните и планини)". София, 1953, стр.13-14.