Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Дабниште

црква во селото Дабниште

Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во кавадаречкото село Дабниште.[1][2]

Успение на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Маренска
Местоположба

Карта

Координати 41°22′40.8″N 22°00′50.9″E / 41.378000° СГШ; 22.014139° ИГД / 41.378000; 22.014139
Место Дабниште
Општина Кавадарци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица
Изградба XIII век
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Таа се наоѓа во самото село, сместена во Средното Маало. Денес, црквата се наоѓа во многу лоша состојба.[3]

Историја уреди

Подигната и живописана е во XIII век година. Имала облик на еднокорабна градба. Од првобитната црква сочувани се остатоци од керамопластичните украси на источната и на јужната фасада.[2]

Архитектура уреди

Црквата има облик на еднокорабна градба.[4]

Фрескоживопис уреди

Целата црква е живописана. Од стариот живопис сочувани се неколку фрагменти. Дел од фрескоживописот е насликан и во XIX век.[2][4]

Од стариот живопис има сочувани фрагментарни остатоци со претставата на Мелисмос над цоклата. Лево и десно има по еден ангел облечени во бели драперии и полунаведнати кон Христа. Во втората зона е насликана Богородица, која со двете раце го гушка Христа, а покрај неа се претставени „Св. Кузман и Дамјан“ од зограф кој ги насликал во XIX век. Северно од влезот во црквата е вградена античка плоча со претстава во релјеф на три човечки фигури.[4]

На иконостасот има царски двери изработени во резба од непознат копаничар.[4]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Цркви во Маренската парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 13 февруари 2018.
  3. Илијевски, Климентина (6 април 2011). „Разубавувањето на Скопје ги голта парите за заштита на културното наследство“. BalkanInsight. Посетено на 13 февруари 2018.[мртва врска]
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Културно и национално наследство на Кавадарци“. Институт за информатика. Посетено на 13 февруари 2018.[мртва врска]

Надворешни врски уреди