Црква „Св. 40 Маченици“ - Сер

црква во Сер, Егејска Македонија

Свети 40 Маченици (грчки: Ιερός Ναός Αγίων Σαράντα Μαρτύρων) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]

Свети 40 Маченици
Αγίων Σαράντα Μαρτύρων
Карта
41°4′50.7″N 23°33′14.4″E / 41.080750° СГШ; 23.554000° ИГД / 41.080750; 23.554000
МестоСер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типкрстокуполна базилика
Изградба1952 - 1967
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Историја уреди

Црквата се наоѓа на улица „Марко Бочвар“ бр. 70 – 77. Почнала да се гради во 1952 г. на местото на црква изградена во 1946 г. Отворена е на 17 септември 1967 г. од митрополитот Константин Серско-нигритски. Претставува крстокуполна базилика со купола, три рамена и средишна апсида на исток. Во 1970 г. е изградена камбанаријата и други додатоци. Во црковниот двор е параклисот „Св. Евфимија, Св. Ирина Атињанка и Св. Ирина Кападокиска“. Во храмот се чуваат дел од моштите на Светите 40 севастиски маченици, подарени од митрополитот Теолог Серско-нигритски.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Ιερός Ναός Αγίων Σαράντα Μαρτύρων“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 12 декември 2017.