Црква „Св. Сава“ - Белград

катедрална црква во Белград

Храмот Свети Сава (српски: Храм светог Саве / Hram svetog Save) е црква која се наоѓа во Белград, Србија и е во склопот на Српската православна црква. Овој храм е најголемиот православен храм на Балканот и втор во светот по Црквата на Исус Христос Спасителот во Москва. Била изградена на местото на кое се смета дека Синан паша ги запалил моштите на Свети Сава во 1595 година. Изградбата на црквата започнала во 1894 година, а како главен архитект бил избран Александар Дероко.

Црква Свети Сава
Hram svetog Save
Основни податоци
МестоБелград, Србија
Координати44°47.885′N 020°28.113′E / 44.798083° СГШ; 20.468550° ИГД / 44.798083; 20.468550
ПрипадностСрпската православна црква
Мреж. местоhttp://www.hramsvetogsave.com/
Архитектонски опис
Архитект(и)Александар Дероко
Особености
Сместивост10,800
Висина на куполата (надв.)70m

Изградбата на храмот била финансирана со собирање на доброволни прилози, како и со плаќање на поштенски марки. Недалеку од храмот е парохискиот дом, а тука се наоѓа и предвидената зграда на патријаршијата. Овој спомен-храм претставува органски дел на современата живописна силуета на Белград, сочинувајќи едно од неговите главни обележја. За време на Втората светска војна изградбата на црквата било оневозможено како и со доаѓањето на власт на комунизмот. Така, во 1984 година конечно била издадена дозвола за нејзина доизградба.

Архитектура уреди

 
Храмот Свети Сава
 
Панорама на светосавскиот плоштад: Храмот Свети Сава, споменик на Караѓорѓе Петровиќ и Народна библиотека на Србије.

Храмот се наоѓа на крајот на белградската линија Калемегдан - плоштадот република - Теразије - Белграѓанка - Храмот Свети Сава. Изграден е во српско-византиски стил, со четири ѕвона високи 44 м. Висината на врвот на куполата изнесува 70 м, додека е главниот позлататен крст висок е уште 12 м, што му дава на врвот на храмот вкупна висина од 82 м, а надморска висина од 134 м (64 м над нивото на реката Сава). Поради тоа оваа црква завзима истакнато место на белградскиот хоризонт и видлива е од сите влезови на градот. Храмот зазема површина од 3.500 квадратни метри во приземјето, со уште дополнителни 1.500 м² на три галерии на првото ниво. Постои уште и галерија од 120 м² на второто ниво, на кое се наоѓа и надворешен видиковeц кој се протега околу целата купола. Храмот во правец исток-запад се протега 91 м, а во правец север-југ 81 м. Куполите се украсени со осамнаест позлатени крстови во три големини, додека во камбанаријата се наоѓаат 49 ѕвона од австриската звоноливница -{Grassmayr}-.

Црквата може да прими 10.000 верници, а на западната хорска галерија можат да застанат околу 800 хористи. Храмот е обложен со бел мермерен гранит, во што учествувал и словенскиот Мармор Хотавље.

Надворешни врски уреди