Црква „Св. Петка“ - Младо Нагоричане

црква во селото Младо Нагоричане

Света Петкацрква во селото Младо Нагоричане, сместена на подножјето на Костоперска Карпа, од нејзината југоисточна страна.

Света Петка

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Кумановско-осоговска
Архијерејско намесништво Кумановско-кратовско
Местоположба

Карта

Координати 42°10′13.2″N 21°48′39.7″E / 42.170333° СГШ; 21.811028° ИГД / 42.170333; 21.811028
Место Младо Нагоричане
Општина Старо Нагоричане
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка
Изградба 17 век
Архитектонски опис
Стил поствизантиски стил

Историја уреди

Црквата е изградена во првата половина на 17 век, а нејзината внатрешност била живописана во 1628 година. Во 2003 година биле завршени зафати за заштита на живописот и архитектурата на црквата.[1] Во мај 2012 година, црквата била ограбена и од неа и од помошната просторија биле одземени ДВД-уред, засилувач со звучници, монети, зејтин и свеќи во вкупна вредност од околу 10.000 денари.[2]

Архитектура уреди

Црквата е типичен претставник на црквите од поствизантиски период. Таа претставува еднокорабна градба со наос на североисточна страна, одвоен нартекс на западната страна и параклис на јужната страна. Градбата во целост е покриена е со двосливен покрив од ќерамиди. Карактеристично за црквата е што таа нема апсида на источната страна, со што претставува единствен пример во околината.[1]

Живописот во внатрешноста на црквата е доста оштетен. Сочувани се фрагменти од циклусот на Света Петка на јужниот ѕид на нартексот, во втората зона, над двете слепи архиволти, а низа од попрсја на маченици во цветни чашки се насликани во двете волути на архиволтите. Во внатрешноста на олтарот, односно во централната апсидна конха, на врвот е претставен ликот на Богородица Оранта. Овие фрески се многу избледени. Во проскомидијалната конха е насликан архиѓаконот Стефан во цел раст, но оваа фреска исто така е мошне избледена.[1]

Во дворот на црквата се наоѓа камбанаријата, помошна просторија и гробишта. Камбанаријата има квадратна основа и има примитивен облик, при што конструкцијата ја сочинуваат четири бетонски столба покриени со пирамидален кров од ќерамиди.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди