Црква „Св. Никола“ - Загорани

црква во Загорани, Прилепско

Св. Николацрква во прилепското село Загорани, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Свети Никола

Фреска „Крштение Христово

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Тополчанска
Местоположба

Карта

Координати 41°15′53.9″N 21°26′14.8″E / 41.264972° СГШ; 21.437444° ИГД / 41.264972; 21.437444
Место Загорани
Општина Прилеп
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1882
Живопис 1890
Архитектонски опис
Стил преродбенички

Црквата е гробишен храм, сместен североисточно од селото. Изградена е во 1882 година за време на свештениците Димитар и Неделко Матевич (Матеви). Во внатрешноста е зачуван оригиналниот живопис од 1890 г. и убав преродбенички иконостас.[1] Живописот е дело на дебарскиот мајстор Ефтим Спасов од Гари.[1] Ктиторскиот натпис гласи:

СВѦЩЕНИК ПАПА

ДИМІТРИА ПАПА НЕДЕЛКО

МАТЕВИЧЪ

ИЗРУКИ ЕВТИМЪ СПАСЕВИЧЪ

ОДЕБОРСКО ОКРУЖЇЕ СЕЛО

ГАРИ: НА: 1890: МЕСЕЦ ИЮНІ

ЕПИТРОПЪ БЕШЕ ТАСЕ

НАУМЧЕВЪ ЗВЕЗДАКЪ[1]

Слики уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Црква „Свети Никола", село Загорани“. Old Prilep. Посетено на 19 мај 2022.

Надворешни врски уреди