Црква „Св. Недела“ - Солун

црква во Солун

Света Недела (грчки: Αγίας Κυριακής) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Света Недела
Αγίας Κυριακής
Карта
40°35′49″N 22°58′37″E / 40.59694° СГШ; 22.97694° ИГД / 40.59694; 22.97694
МестоСолун
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1959
Управа
ЕпархијаСолунска

Црквата се наоѓа во источниот дел на градот, на раскрсницата на „Амфотери“ и „Агија Киријаки“, на границата со општината Капуџилар-Хортач. Изградена е во 1959 г. Во 1965 г. станала парохиски храм. Во 1976 г. започнала целосна реконструкција на храмот со издолжување на запад и изградба на дополнителни кораби на север и југ. Отворена е на 11 октомври 1981 г. од митрополитот Пантелејмон Солунски. Следната година и нартексот го добил сегашниот облик. До црквата има и културен центар, црковен музеј и други помошни градби.[2]

Градбата претставува трикорабна базилика. Црквата има нов резбан иконостас на местото на стариот мермерен, дело на копаничарот Евгениос Аманатидис, а иконите се дело на Теодорос Вогданос. Старите иконостасни икони ги изработил светогорскиот зограф од Кареја, Серафим Офталмопулос во 1964 г. и денес стојат во музејот. Во храмот од 2004 г. се чуваат дел од моштите на Света Недела.[2][3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Αγία Κυριακή“. Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης. Посетено на 10 октомври 2016.
  2. 2,0 2,1 „Ιστορικό“. Ιερός Ναός Αγίας Κυριακής. Архивирано од изворникот на 2016-08-13. Посетено на 10 октомври 2016.
  3. Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 68.