Црква „Св. Илија“ - Негуш

црква во Негуш, Егејска Македонија

Свети Илија (грчки: Ιερός Ναός Προφήτη Ηλία) — црква во градот Негуш, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Илија
Προφήτη Ηλία
Карта
40°38′4.2″N 22°3′39.4″E / 40.634500° СГШ; 22.060944° ИГД / 40.634500; 22.060944
МестоНегуш
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1936
Управа
Архијерејско намесништвоНегушко
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Црквата се наоѓа на истоимениот рид Свети Илија (350 м) веднаш северозападно од градот. Изградена е во 1936 г. на местото на постар храм со прилози од граѓаните. Зафаќа површина од 180 м2 и нема особен архитектонски стил. Подоцна е доградена припрата. Ѕидовите се од камен, дебели 80 см. Иконостасот е обичен, со мали преносливи икони. Некои од нив веројатно се дело на негушкиот зограф Хасјурас.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Κύρου, Νίκος, Ολυμπία Τσίτση (Επιμέλεια) (2005). Οι εκκλησίες της Νάουσας. Πρόγραμμα Περιβαλλοντικής Εκπαίδευσης Σχ. έτους 1999 – 2000 (PDF). Νάουσα: 3ο Γυμνάσιο Νάουσας. стр. 52. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15.