Црква „Св. Димитриј“ - Требино

црква во селото Требино

Свети Димитриј (понекогаш позната како Свети Димитрија) — главна селска црква, во поречкото село Требино.[1][2]

Свети Димитриј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Бродско
Парохија Бродска
Местоположба

Карта

Координати 41°31′39.93″N 21°12′24.84″E / 41.5277583° СГШ; 21.2069000° ИГД / 41.5277583; 21.2069000
Место Требино
Општина Македонски Брод
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димитриј Солунски
Изградба 1644
Завршено 1644
Живопис 1644
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Црквата е сместена во западниот дел на селото. Во дворот на црквата се наоѓаат и самите селски гробишта.

Историја уреди

Црквата Свети Димитриј во селото Требино била подигната во 1644 година и поседува исклучително убав фрескоживопис од тоа време.[2] Истата се споменува и во ктиторскиот натпис.[3]

Архитектура уреди

Таа е еднокорабна гробишна црква.[3]

Идејно-тематската содржина на сликаната програма не излегува од рамките на традиционалните, поствизантиски стилски разбирања. Меѓу архијерејските ликови во олтарот е вклучено допојасјето на српскиот светител Сава (Немањиќ).[3]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 „Цркви во Русјачката парохија“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2012-07-14. Посетено на 16 ноември 2017.
  3. 3,0 3,1 3,2 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Свети Димитрија“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1320. Text "series " ignored (help)

Надворешни врски уреди