Црква „Св. Димитриј“ - Волковија

црква во селото Волковија

Свети Димитрија се наоѓа во селото Волковија во Општина Маврово и Ростуше во горниот дел на течението на реката Радика. Црквата се наоѓа на падината под селото, во правец на северозапад. Таа е изградена во почетокот на XIX век, за што сведочи живописот, иконите, црковните книги во неа, како и самата градба. Во 1852 година, Дичо Зограф го изработил иконостасот.[1] Градбата на црквата е едно корабна со купола за камбана на средината. Црковниот светец е Свети Димитрија, што е и селска слава на селото Волковија. Покрај за Митровден (7 ноември), голем собор во црквата се одржува и за Водици (Богојавление, 19 јануари).

Свети Димитрија

Црквата Свети Димитрија во селото Волковија

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Гостиварско
Парохија Мавровска
Местоположба

Карта

Место Волковија
Општина Маврово и Ростуше
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димитриј Солунски
Изградба почеток на XIX век
Живопис 1852 (изработка на иконостасот)
Зограф Дичо Зограф
Архитектонски опис

Наводи уреди

  1. „ИКОНОПИСНОТО ТВОРЕШТВО НА ДИЧО ЗОГРАФ ВО СКОПЈЕ И СКОПСКИОТ РЕГИОН“. Премин. Посетено на 2011-01-09.

Галерија уреди