Црква „Св. Богородица“ - Велгошти

пештерна црква во Македонија

Света Богородица — пештерна црква во охридското село Велгошти.[1]

Света Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Велгошка
Местоположба

Карта

Координати 41°7′30.38″N 20°50′39.75″E / 41.1251056° СГШ; 20.8443750° ИГД / 41.1251056; 20.8443750Координати: 41°7′30.38″N 20°50′39.75″E / 41.1251056° СГШ; 20.8443750° ИГД / 41.1251056; 20.8443750
Место Велгошти
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица
Изградба XIV век
1991
Завршено XIV век
1994
Осветување ?
21 мај 1994
Живопис XIV век
Изгорена 1991
Архитектонски опис

Во минатото црквата го носела името Света Петка.[2]

Местоположба уреди

Црквата е сместена на околу 2 километри југоисточно од Велгошкиот манастир „Св. Петка“, некаде во средината од јужната падина на гребенот Клучка. Таа е сместена во една природна пештера и вклопена во карпестиот предел на планината Петрино.[3]

Пристапот кон овој храм е многу тежок, скоро невозможен.[3]

Историја уреди

Црквата била изградена во 1983 година и истата година била осветена од страна на митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.[4]

Легенда уреди

Првобитно оваа црква била посветена на Света Петка. Во оваа пештерна црква има отвор и истиот се наоѓа во северниот дел на пештерата, канал што излегува кај манастирот Света Петка. Кога го граделе манастирот Света Петка, иконата што била посветена на неа секое утро од манастирот „бегала“ и тие ја наоѓале во пештерната црква. За да се уверат мештаните пуштиле една коза внатре и таа навистина излегла кај манастирот.[3]

Архитектура уреди

Фрескоживопис уреди

Од некогашниот фрескоживопис сочувани се остатоци во олтарниот простор и тоа претставата на „Св. Богородица со малиот Христос“ и по еден ангел од страната. Овој сочуван фрескоживопис се смета дека е од кон крајот на 14 век, но сепак поради тоа што овие фрески во подоцнежниот период се премачкувани и пресликувани е тешко да се тврди, а посебно кога овој пештерен храм во 1991 година целосно настрадал од пожар. Единствено точни резултати можат да се добијат само преку фризичко-хемиски анализи на подлогата на боениот слој.[3]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 48. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Ристески, Стојан (1982). Велгошти: прилог за монографија. Охрид: Месна заедница на Велгошти.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Г. Ангеличин-Жура, Пештерните цркви во Охридско-Преспанскиот регион /Р. Македонија, Р. Албанија, Р. Грција), Струга 2004
  4. „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. www.dke.org.mk. Посетено на 2019-12-22.

Надворешни врски уреди