Црква „Св. Атанасиј“ - Секирци

црква во селото Секирци

Свети Атанасиј – главна и едиствена селска црква во селото Секирци.[1] Сместена е во крајниот западен дел од селото.

Свети Атанасиј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Долненско-секиречка
Местоположба

Карта

Координати 41°28′44.6″N 21°24′36.3″E / 41.479056° СГШ; 21.410083° ИГД / 41.479056; 21.410083
Место Секирци
Општина Долнени
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Атанасиј Александриски
Завршено 1858
Осветување 2 мај 1858
Живопис 1920
Архитектонски опис

Историја уреди

Црквата била изградена во 1858 година и била осветена на 2 мај истата година од страна на пелагонискиот митрополит Бенедикт Византиски. Внатрешноста била зографисана во 1920 година.[2]

Архитектура уреди

Градбата на црквата е еднокорабна, со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна.[2] Храмот има влез на јужната страна и над него има ниша со фреска на Богородица со Исус. Кон западниот ѕид е дограден помошен објект во правец на протегање север-југ. Живописот во внатрешноста е дело на зографот Станко Цветков, чие име се среќава на натписот на западниот ѕид до приказот на Атанасиј Александриски, каде што е потпишан како „Зограф Стојан од Крушево“.[3]

Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата се издига непосредно од десната страна од влезот во дворот на црквата. Таа има квадратна основа со по една монофора на секоја страна во горниот дел. Влезот во камбанаријата се наоѓа на јужната страна. Од запатниот ѕид се забележува дека цоклето било соѕидано од камен, а останатиот дел од тули.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Црква „Свети Атанасиј“, село Секирци“. OldPrilep. 26 јануари 2015.
  3. Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 176–177.

Надворешни врски уреди