Црква „Св. Архангел Михаил“ - Клиново

црква во Клиново, Кавадаречко

Св. Архангел Михаилправославна црква во кавадаречкото село Клиново. Му припаѓа на Кавадаречкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.

Свети Архангел Михаил
македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Ваташка
Местоположба

Карта

Координати 41°14′20″N 21°56′34″E / 41.23889° СГШ; 21.94278° ИГД / 41.23889; 21.94278Координати: 41°14′20″N 21°56′34″E / 41.23889° СГШ; 21.94278° ИГД / 41.23889; 21.94278
Место Клиново
Општина Кавадарци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Михаил
Изградба XVIII век
Архитектонски опис

За црквата не се зачувани никакви историски извори. Во неа нема натпис. Ова е еднокорабна градба со полукружна олтарна апсида на источната страна. Изградена е од плочест камен. Од фреските е зачуван само еден фрагмент во олтарната конха, од претстава на Богородица Ширшаја. Живописот сличен на оној од „Св. Атанасиј“ во Галиште и најверојатно датира од крајот на XVII век.

Во 1860 г. до неа е изградена нова црква со големи димензии, исто така посветена на Архангел Михаил. Денес обете цркви се напуштени.[1][2][3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Ваташка парохија – цркви и манастири“. Повардарска епархија. 28 ноември 2007. Посетено на 30 ноември 2021. no-break space character во |title= во положба 17 (help)
  2. „Црква Св. Архангел, с. Клиново“. Итар Пејо. Архивирано од изворникот на 2014-03-01. Посетено на 1 март 2014 г. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  3. „Св. Архангел, с. Клиново“. Културно и национално наследство на Кавадарци. Посетено на 21 мај 2016.[мртва врска]