Црква „Св. Јован Крстител“ - Лески

црква во селото Лески

Свети Јован Крстител — православна црква кој се наоѓа во виничекото село Лески.[1]

Свети Јован Крстител
македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Кочанско
Парохија Виничка
Местоположба

Карта

Место Лески
Општина Виница
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Јован Крстител
Изградба 1848
Осветување непознато
Живопис непознато
Зограф непознат
Водство свештеник Николчо Цикарски
Архитектонски опис
Површина 150 м²

Историја уреди

Црквата е една од најстарите во Општина Виница. Годината на градење не е точно позната, меѓутоа над источниот влез на првобитната црква, која подоцно е доградена, на фреската над вратата има натпис во кој пишува дека во 1874 год. се извршени преправки на црквата. Натписот е доказ дека црквата била градена многу порано вороватно во првата половина од 19 век.[2] Во Брегалничаката епархија годината на градба е напишана 1848.[3]

Забележително е тоа што во оваа црква се вградени остатоци од старата средновековна црква „Св. Јован Опсеча“„ која се наоѓала на местото на денешните гробишта, поточно надвратниците, довратниците и стариот кирилски натпис.[4]

Живопис уреди

Во внатрешноста има дрвен иконостас, со четири реда икони, од кои наистарите иконите во најдолниот дел со мотиви од стариот завет, сликани од локални мајстори. Иконите укажуваат на различни периоди во сликањето а и сликарскиот ракопис укажува на различни мајстори.[2]

Поврзано уреди

Црквата во XX век е доградена, надградена и реновирана, со што има добиен сосема нов лик за разлика од првобитниот. Во дворот на црквата се изложени остатоци од камена пластика од старата црква.[2]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Музеј Теракота Виница“. Архивирано од изворникот на 2012-07-18. Посетено на 2013-02-24.
  3. „Брегалничка епархија“. Архивирано од изворникот на 2013-10-29. Посетено на 2013-02-24.
  4. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 99. ISBN 9989-649-28-6.