Црква „Св. Ѓорѓи“ - Подмочани

црква во селото Подмочани

Свети Ѓорѓи — главна селска црква во селото Подмочани, Општина Ресен, Македонија, а воедно и парохиски храм на Подмочанско-љубојнската парохија.[1]

Свети Ѓорѓи

Црквата заедно со нејзината камбанарија

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Парохија Подмочанско-љубојнска
Местоположба

Карта

Координати 41°01′13″N 21°02′42″E / 41.02028° СГШ; 21.04500° ИГД / 41.02028; 21.04500
Место Подмочани
Општина Ресен
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Изградба 1848
Архитектонски опис

Местоположба уреди

Се наоѓа на еден километар западно од селото. Во кругот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.[2]

Историја уреди

Црквата била изградена во 1848 година.[2]

Градба уреди

Црквата била изградена во 1848 година од кршен камен. За апсидата бил користен бигор, додека двата влезни портали биле направени од добро обработен камен.[2]

Во текот на годините била направена доградба во вид на затворена припрата од западната и јужната страна на црквата, со седишта покрај ѕидовите.[2]

Фрескоживопис уреди

Црквата не поседува никаков фрескоживопис.[2]

Иконостас уреди

Иконостасот на црквата е создаден во XIX век и е наполнет со икони од истиот период.[2]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 235. ISBN 9789989920554. Посетено на 14 февруари 2019.

Надворешни врски уреди