Црква „Св. Ѓорѓи“ - Берово (Лагадинско)

црква во Берово, Лагадинско

Свети Ѓорѓи (грчки: Ναός Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Берово, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.

Свети Ѓорѓи
Αγίου Γεωργίου
Карта
40°53′1″N 23°13′47″E / 40.88361° СГШ; 23.22972° ИГД / 40.88361; 23.22972
МестоБерово, Лагадинско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1830
Управа
Архијерејско намесништвоЛагадинско
ЕпархијаЛагадинско-ајватовско-рендинска

Ова е гробишен храм во североисточниот крај на селото, изграден околу 1830 г. Има дури 188 вредни икони, изработени од почетокот на XVII до почетокот на XX век.[1]

Црквата е трикорабна базилика. Можеби имала портик на јужниот ѕид, каде има затворена врата. Големиот резбан иконостас речиси целосно го двои жртвеникот од наосот. Храмот е живописан во 1843 г. од Маргарит Ламбу од погрченото солунско село Кулакија. Најстарите икони се од 1774 г.[2]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Βερτίσκος“. Δήμος Λαγκαδά. Архивирано од изворникот на 2013-04-14. Посетено на 8 јуни 2014.
  2. „Η εκκλησία του Αγίου Γεωργίου“. Βερτίσκος. Посетено на 9 јуни 2014.