Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Богородица

црква во селото Богородица

Рождеството на Пресвета Богородица — главна селска црква во гевгелиското село Богородица.[1] Црквата е сместена на самото сретсело.

Рождество на Пресвета Богородица

Влезната порта на дворот од црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Гевгелиско
Парохија Стојаковска
Местоположба

Карта

Координати 41°08′26.4″N 22°32′53″E / 41.140667° СГШ; 22.54806° ИГД / 41.140667; 22.54806
Место Богородица
Општина Гевгелија
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пресвета Богородица
Изградба 1911
Живопис 1935
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Историја уреди

Црквата првично била подигната во XIX век, но се наоѓала на друго место. Денешната црква е изградена во 1911 година од страна мијачкиот неимар Андон Китанов, а иконостасот бил изработен во 1935 година од неидентификуван зограф од Галичник.[2]

Архитектура уреди

Градбата на црквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани, при што средишниот кораб ги надвишува двата странични. Во средината на средишниот кораб е насликана фреска со претстава на Исус Христос Седржител. Иконостасот во црквата го исполнуваат четири реда икони, насликани во 1935 година од непознат зограф. Во црквата има и стари икони од XIX век, изработени од страна на непознати зографи.[2] Кон јужниот ѕид на црквата е доградена припрата, на источниот ѕид има полукружна апсида со прозорец во средишниот дел.

Во дворот на црквата е сместена камбанаријата. Таа има шестаголна основа и се издига во непосредна близина на оградата од дворот и источниот ѕид на црквата. Таа содржи по една монофора на секоја страна во висина на ѕвоното во нејзиниот горен дел, како и уште една на источната страна во висина на скалата која води до ѕвоното. Освен камбанаријата, во дворот на црквата има и чешма којашто е изработена од камен.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Цркви во Стојачката парохија“. Повардарска епархија.

Надворешни врски уреди