Црвишта (грчки: Καπνόφυτο, Капнофито; до 1927 г. Τσερβίστα, Цервиста[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 181 жител (2011).

Црвишта
Καπνόφυτο
Црвишта is located in Грција
Црвишта
Црвишта
Местоположба во областа
Црвишта во рамките на Синтика (општина)
Црвишта
Местоположба на Црвишта во општината Синтика и областа Централна Македонија
Координати: 41°18′N 23°30′E / 41.300° СГШ; 23.500° ИГД / 41.300; 23.500
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаКрушево
Надм. вис.&10000000000000440000000440 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно181
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во областа Мрвачко, во долината на реката Белица, во северното подножје на планината Шарлија, на надморска височина од 440 м.[3] Сместено е на 13 км североисточно од градот Валовишта и 4 км југозападно од Крушево. Во селскиот атар се наоѓаат бројни пештери.

Низ селото тече Шарлиска Река или Кушлу[4][5], преименувана 1969 г. во Скотино Рема.[6] На неа е сместен водопадот Скак.[4][5] Втората мала река која тече низ Црвишта е нарекувана Карадере.[7]

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Во отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население од вилаетот Тимур Хисар од 1616-1617 година селото е наведено под името Червиште со 205 домаќинства, рудари. Според документ од 1625 г. селото имало 197 домаќинства.[8]

Во XIX век Црвишта било мешано село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Црвишта (Tsërvischta) имало 110 домаќинства и 170 жители Македонци и 140 муслимани.[9][10]

Според Стефан Верковиќ во 1889 г. во селото имало 63 македонски и 40 турски домаќинства.[11]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Црвишта, на 3 часа североисток од Валовишта, во падините на Љаљата. Селаните живеат раскошно. Се раѓа многу убава пченица. Во црквата и училиштето се служи мешано; има десеттина ученици. Бројот на куќи е 100.[12]

Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Црквишта имало 670 жители, од кои 350 Македонци, 240 Турци, 50 Власи и 30 Роми.[9][13] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Црвишта имало 2.408 Македонци под Бугарската егзархија, 760 Македонци под Цариградската патријаршија и 54 Власи. Во него работело бугарско училиште со 1 учител и 57 ученици.[9][14]

Според митрополитот Емилијан Мелнички, на 24 јануари 1908 година, чета на ВМРО составена од 8 луѓе, предводена од Стојо од Колешино, водела битка во Црвишта со османлиските единици.[15]

Во Првата балканска војна, 17 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[16]

Во Грција уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 420 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 261 лица.[3]

Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција, а извесен број Македонци принудно биле иселени во Бугарија. На нивно место се населиле 127 бегалски семејства (вкупно 418 бегалци), така што селото повторно станало мешана населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Капнофито (Καπνόφυτο).[2]

Стопанство уреди

Селото се смета за мошне богато, населението произведува компири, тутун, жито и други земјоделски производи, а делумно се занимава со сточарството.[3]

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 718 515 726 378 290 195 273 181
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика уреди

Во 1932 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 35 квадратни километри.[3] Општината Црвишта била приклучена во општината Крушево во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Синтика.

Селото припаѓа на општинската единица Крушево со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Црвишта, во кој е единствено село.

Личности уреди

Родени во Црвишта

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 30 март 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 211–212.
  4. 4,0 4,1 Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 194.
  5. 5,0 5,1 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  6. „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1044. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  7. Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 135.
  8. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 228, 300.
  9. 9,0 9,1 9,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  10. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 134–135. ISBN 954-8187-21-3.
  11. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 103.
  12. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 852-853.
  13. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 184. ISBN 954430424X.
  14. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.
  15. „Ιστορικό Ημερολόγιο Σερρών“ (PDF). Δημόσια Κεντρική Βιβλιοθήκη Σερρών. Посетено на 30 март 2024. Οκταμελής βουλγαρική συμμορία, υπό την αρχηγίαν του εκ Κολεσόβου Στόγιου, συνεπλάκη μετά του στρατού παρά το χωρίον Τσερβίστα της υποδιοικήσεως Δεμίρ Ισσάρ, κατεσχέθησαν πολλά πολεμοφόδια και έγγραφα επιλήψιμα.
  16. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 887. ISBN 954-9800-52-0.