Црвеноперка

видови риби
Црвеноперка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Зракоперки
Ред: Крапообразни
Семејство: Cyprinidae
Род: Rutilus
Вид: R. rutilus
Научен назив
Rutilus rutilus
(Linneaus, 1758)

Црвеноперката (лат. Rutilus rutilus) припаѓа на семејството краповидни риби (Cyprinidae)во родот Rutilus[1]. Широко е распространета во слатките води на Европа, источно од Пиринеите и северно од Алпите, живее во водите на Сибир и сливот на Аралското Море. Најбројна е во Дунавскиот слив. Перките и се црвени по што го добила името. Ирисот и е редовно црвен. Оваа риба на прв поглед тешко се разликува од писата, а разликата е во тоа што црвеноперката има шилеста уста, и заоблен стомачен гребен меѓу стомачните и аналните перки. Диплоидниот број на хромозоми изнесува 52. Достигнува должина до 45цм и маса од 800 г. За Македонија е карактеристичен подвидот Дојранска црвеноперка (Rutilus rutilus dojranensis Karaman, 1928). Од дојранското езеро годишно се ловат по 323 000 кг. од овој подвид.

Опис уреди

Црвеноперката има високо долгнавесто, странично сплескано тело покриено со крупни скралушки. Има крупна глава со крупни очи. Устата е горна, завртена нагоре. Перките се црвенкасти по боја, особено аналната и опашната перка. Грбната перка е поставена на средината на телото. Телото на горната страна е сиво зелено, додека странично е сребренесто. Бојата на стомачната страна е сребрено бела. По страните се протега надолжна темносива линија.[1]

Размножување уреди

Црвеноперката, како и поголем број на ципринидни видови за мрест доаѓа во крајбрежјето и икрата ја полага во помали или поголеми групи во кои по правило 1-2 единки се женски, а останатите единки се машки. По правило женските единки се поголеми од машките. Икрата има доста дебел ресест леплив слој со кој што се прилепува за подлогата, која што е составена во најголем број на случаи од крупни камења, на кои што често има големо количество на млади школки-жапки. Местата на кои што црвеноперката ја полага својата икра најчесто се просторно и временски идентични со тие на кленот, со таа разлика што црвеноперката икрата ја полага во подлабокиот дел од појасот покрај брегот. Бројот на зрна икра кај црвеноперката е доста различен и зависи од возраста на единките и нивната тежина. Единките на црвеноперката созреваат на различна возраст. Може да се сретнат полово зрели единки и на двогодишна возраст, но најголем дел од популацијата на црвеноперката е полово созреан во третата година од животот. Поголем дел од животот црвеноперката поминува во непосредна близина на брегот.[1]

Исхрана уреди

Најчесто се движи во помали јата и само за време на мрестот се групира во поголеми јата. Се храни со организми кои што живеат на дното, планктон, како и со делови на водната растителност.[1]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Службен весник на Р.М. бр.145 2011 г.