29°48′30″N 31°12′21″E / 29.80833° СГШ; 31.20583° ИГД / 29.80833; 31.20583

Црвената пирамида

Црвена пирамида, позната и како Северна пирамидастароегипетска пирамида и посеверна од двете големи пирамиди во Дахшур. Таа е третата најголема пирамида по Кеопсовата и Хефреновата пирамида во Гиза. Месното население ја нарекува пирамидата „ел-херам ел-ватваат“, што во превод значи „Лилјачка пирамида“.

Пирамидата била изгадена од страна на првиот фараон од Четвртата египетска династија Снофру. Се верува дека градбата претстсавува прв успешен обид за изградба на „вистинска“ египетска пирамида со рамни страни. Таа не била секогаш црвена. Таа била обложена со бел варовник, но само неколку од овие камења се сочувани во основата на пирамидата, поточно на еден од аглите. Во средниот век, голем дел од белите варовникови камења биле земени за изградба на градби во Каиро, со што бил откриен црвениот варовник под нив.

Потекло на поимот уреди

Пирамидата името го добила по ‘рѓосаната црвеникава боја на нејзините црвени варовникови камења.

Изградба уреди

 
Изометриски план и скици на пирамидата

Црвената пирамида била третата пирамида изградена од страна на фараонот Снофру и е сместена околу 1 км северно од Свитканата пирамида. Нејзиниот наклон од 43 степени е ист како горниот дел на Свитканата пирамида, што ѝ дава забележително пособран изглед во споредба со останатите египетски пирамиди со слична големина. Изградбата се верува дека започнала за време на 30. година од владеењето на Снофру. Египтолозите не се согласни во врска со времетраењето на изградбата. Врз основа на камени знаци пронајдени во различни фази од изградбата, Рајнер Штаделман проценува дека времето потребно за нејзина изградба било околу 17 години, додека Џон Ромер со помош на графити претпоставува дека изградбата траела 10 години и 7 месеци.[1]

Археолозите шпекулираат дека обликот на пирамидата можеби е плод на инженерските проблеми кои настанале при изградбата на двете претходни пирамиди на Снофру. Првата од овие — позната како Медум — се срушила во античкиот период, додека втората — позната како Свиткана пирамида — има агол на наклон кој значително се променил од 54 на 43 степени за време на изградбата. Некои археолози сметаат дека пирамидата во Медум бил првиот обид за изградба на пирамида со рамни страни и дека е можно истата да се срушила додека изградбата на Свитканата пирамида била започната. Свитканата пирамида пак веројатно уште тогаш покажувала знаци на нестабилност, што може да се заклучи и од потпордните дрвени даски сместени во нејзината внатрешност. Како последица на тоа дошло до свиткување на оваа пирамида и подоцна била започната изградбата на Црвената пирамида со наклон кој се знаело дека е помалку склон кон нестабилност и со тоа на рушење.[2]

Димензии уреди

Пирамидата е висока 105 м.[3] Страните на основата се со должина од 220 м, а вкупната зафатнина изнесува 1.694.000 м3.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Romer, John (2007). The Great Pyramid: Ancient Egypt Revisited. Cambridge University Press, Cambridge. стр. 71. ISBN 978-0-521-87166-2.
  2. Mendelssohn, Kurt (1974). The Riddle of the Pyramids. Praeger. ISBN 978-0-500-05015-6.
  3. * Lehner, Mark (1997). The Complete Pyramids. Thames and Husdon. стр. 104. ISBN 0-500-05084-8.

Литература уреди

  • Verner, M. (2001). The Pyramids - Their Archaeology and History. Atlantic Books. ISBN 978-1903809457.

Надворешни врски уреди