Цироза е болест на црниот дроб која се јавува како последица од оштетување на клетките во црниот дроб (хепатоцити). Вообичаено се јавува кај лица кои подолго време конзумираат алкохол во големи количини а црниот дроб не е способен да се ослободи брзо од тие штетни материи, и како последица на тоа се јавува оштетување на клетките кое води до цироза.

Цироза
Цироза, заболување на црниот дроб
СпецијалностГастроентерологија, hepatology Уреди на Википодатоците

Етиологија уреди

Црнодробната цироза е болест која е последица на широк спектар на хронични прогресивни болести на црниот дроб. Најчести причини за цироза се:

  • алкохолот
  • хепатотропни вируси (ХАБ, ХАЦ, бруцелоза и др.)
  • генетски нарушувања
  • автоимуни нарушувања
  • лекови
  • срцева декомпензација
  • долготрајна холестаза
 
Цироза

Клиничка слика уреди

Клиничката слика на црнодробната цироза има исти симптоми независно од етиолошкиот фактор. Болеста поминува низ два стадиума: компензиран и декомпензиран стадиум.

  • Компензиран стадиум
Компензираниот стадиум се манифестира со умор, омалаксаност, намален апетит. Се јавува и субиктерус, тапа болка, болка под десен ребрен лак поради хепатомегалија. Овој стадиум најчесто се открива со хистолошки преглед на материјал земен со биопсија на хепар.
  • Декомпензиран стадиум
Декомпензираниот стадиум освен што ги содржи опишаните симптоми доаѓа и до влошување на општата состојба. Главни клинички критериуми за постоење на декомпензирана цироза се следниве цвнодробни компликации:
Покрај овие главни симптоми кај овај вид цироза се јавуваат и:
  • знаци на промена на коагулацијата на крвта
  • ендокрини промени
  • знаци на кожни промени
  • палмарен еритем
  • знаци на хипертермија со септикемија
  • фактор хепатикус-се манифестира со непријатен мирис на мрша или изгорена земја
 
Присуство на течност во стомачната празнина-асцит

Дијагноза уреди

  • клиничка слика
  • лабораториски испитувања
имаме ниски белковини во серум, намалување на албумините, а зголемување на гама глобулините, зголемени вредности на билирубин, ниска коагулација, анемија, зголемени некои ензими во серумот, LDH и др.

Овие испитувања најчесто се користаат при поставување на дијагнозата.

Лекување уреди

Лекувањето зависи од стадиумот на болеста и кои клинички знаци се присутни во моментот. Така што во компензираната фаза се применува:

  • хигиено-диететски режим на исхрана
Се препорачува одмор и исхрана богата со белковини и шеќери, а сиромашна со масти.
  • лекови кои влијаат врз регенерацијата на хепатоцитите

Во декомпензираната фаза болниот задолжително треба да се хоспитализира. Ако болниот е со асцит се препорачува мирување и несолена диета.