Цигански романсеро

Цигански романсеро (шпански: Romancero gitano) — збирка песни на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка од 1928 година. Песните во збирката се напишани во периодот 1924-1927 година.

Содржина уреди

Попознати песни од збирката се:[1]

  • „Романса за месечината“ (Romance de la luna, luna)
  • „Месечарска романса“ (Romance sonambulo)
  • „Неверна жена“ (La casada infiel)
  • „Апсењето на Антоњито ел Камборио на патот за Севиља“ (Prendimiento de Antoñito el Camborio en el camino de Sevilla)
  • „Смртта на Антоњито ел Камборио“ (Muerte de Antoñito el Camborio)
  • „Романса на шпанската жандармерија“ (Romance de la guardia civil española)

Осврт кон делото уреди

„Цигански романсеро“ е најпознатото дело на Лорка, инспирирано од шпанскиот фолклор и старите романси и балади. Збирката е плод на длабоката љубов и на големите истражувања на фолклорот, на задлабочувањето во Андалусија, во стварноста и легендата на Циганите, на нивниот живот и нивната митологија, а по угледот на романсата, Лорка ги пее песните во осмерец. Едноставна, чиста и распеана, час преплавена со едноставни фабули час во недосетливи настани, целата разиграна и трагична, збирката претставува ремек-дело. Благодарение на високите духовни вредности, уште за време на животот на Лорка, зборката станала популарна до анонимност, слично на народните творби. Неговите романси станале врвно четиво на шпанската интелигенција и големо богатство на селаните, кои ги кажувале неговите стихови како свои, без да го познаваат авторот. Во романсите, Лорка постигнал совршена хармонија на фолклорната инспирација и на модерното доживување, на едноставниот поетски збор и на раскошната метафора. Оваа поезија што не познава рима, со доследно испеани асонанси во една единствена гама, достигнува врвна музикалност, слевајќи се во идеален склад со свежината на сликите, со богатството на метафорите и со раскошот на знаците, кревајќи се од убавината на традицијата кон убавината на современоста.[2]

Наводи уреди

  1. Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 87-108.
  2. Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898 - 1936“, во: Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 159-160.