Церово (Леринско)

село во Леринско, Егејска Македонија

Церово (грчки: Κλειδί, Клиди; до 1926 г. Τσέροβο(ν), Церово(н)[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 66 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[3]

Церово
Κλειδί
Церово is located in Грција
Церово
Церово
Местоположба во областа
Церово во рамките на Суровичево (општина)
Церово
Местоположба на Церово во општината Суровичево и областа Западна Македонија
Координати: 40°50.9′N 21°30.49′E / 40.8483° СГШ; 21.50817° ИГД / 40.8483; 21.50817
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаСуровичево
Општ. единицаСуровичево
Надм. вис.&10000000000000840000000840 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно66
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија уреди

Селото е сместено 23 км југоисточно од Лерин и 10 км северно од Суровичево во превојот Кирли или Кирли Дервент меѓу најисточните падини на Нередска Планина и Мала Ниџе. Крај него минува железничката линија железничката линија Солун - Лерин - Битола, како и автопатот со истите одредишта (ЕО3).

Историја уреди

Древномакедонско време уреди

Во преминот Кили Дервент се откриени остатоци од пат древномакедонско време кој се поврзувал околу Горно Врбени или Суровичево со Вија Егнација. На ридот крај денешното село има тврдина со ѕидини дебели 2,2 метри. Овој превој во подлабоката антика ја претставувал границата меѓу Линкестида и Македонското Кралство. Тука според Тукидид во 423 г. п.н.е. се одиграла битката на спартанскиот војсководец Бразид и македонскиот цар Пердика против силите на линкестидскиот крал Арабеј.

Во Отоманското Царство уреди

Во XIX век Церово е заведено како чисто македонско село. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) Црево како македонско село.[4][5] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Церово (Tzérovo) имало 30 домаќинства од 76 жители Македонци.[6][7]

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Церово:

...на самииот врв на планината се наоѓа таканаречениот Дервент-Килит, клучот на планинскиот превој, на кој има турска беклентија или кула во која живеат турски војници што ги чуваат патниците од разбојници. На дело самите тие се разбојници и пљачкаши. Сред една мала дабова шума, недалеку од споменатата беклентија е сместено македонско село под истото име Килит-Дервент со 30 куќи. Данокот им е 3.100 пијастри, а инание-аскерие 1.960 пијастри. Жителите се занимаваат со земјоделство и сточарство.[4][8]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Церово (Цѣрово) во 1900 г. живееле 300 Македонци христијани.[6][9] На почетокот на XX век во селото работеле двете странски пропаганди. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во селото има 200 Македонци под Бугарската егзархија и 200 Македонци под Цариградската партијаршија; селото имало и бугарско и грчко училиште. На крајот од 1900-тите грчката црква се повлекла, и целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[10]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Џерово се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 54 куќи.[11]

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни Церово се состоело од 60 македонски куќи.[3]

Во Грција уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 402 жители.[3] За време на Првата светска војна селото за кратко било под окупација на бугарската армија (8. пешачка тунџанска дивизија) во рамките на нејзината Леринска операција. По напредувањето на Антантата во октомври 1916 г. бугарските единици се истиснати од селото, и повторно ѝ е вратено на Грција со Нејскиот мировен договор. Во 1920 г. во селото живееле 71 семејства со 399 жители, а во 1928 г. Церово имало 492 жители.[3] во 1926 г. селото е преименувано во Клиди.[12] Во 1931 г. полициските органи направиле список на „докажано антигрчките“ жители на селото.

Според грчки документ од 1932 г. во селото имало 80 македонски семејства, од кои 65 биле со изјавена сопствена национална свест[13]. Во 1940 г. селото се зголемило на 620 жители. За време на Втората светска војна во април 1941 г. селото потпаднало под бугарска окупација и воспоставена е бугарска општинска власт.[14]

Во 1945 г. властите го водат Церово како село со 650 македонојазични жители,[13] од кои 400 со „негрчка национална свест“, а 200 со „неутврдена“.

Церово, за разлика од повеќето села во тоа подрачје, не настрадало во Граѓанската војна, но неговото население нагло се намалило во 1950-тите и особено 1960-тите поради значајни иселувања во Австралија, САД и Канада. Силно намалување е забележано и во првото десетлетие на XXI век, кога населението е повеќе од преполовено.

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 620 636 468 261 195 190 139 66
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство уреди

Селото се смета за доста богато. Произведува жито, тутун, кромид и анасон. Делумно е застапено и сточарството.[3]

Личности уреди

 
Стефан Настев

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσέροβον -- Κλειδί
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 179.
  4. 4,0 4,1 Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
  5. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.93.
  6. 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 82-83.
  8. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 155.
  9. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250.
  10. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
  11. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 25.
  12. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  13. 13,0 13,1 Властите ги нарекуваат „бугарски“ и „бугаројазични“ поради грчкото непризнавање на македонскиот индентитет.
  14. Даскалов, Георги. „Българите в Егейска Македония, мит или реалност“, Македонски научен институт, София, 1996, стр. 487.