Централен федерален округ

Централен федерален округ (руски: Центральный федеральный округ) е еден од осумте федерални окрузи на Русија. Зборот „централен“ е од политичко и историско значење; впрочем округот се наоѓа најзападно. Населението му брои 38.000.651 жител по пописот од 2002, а површината му зафаќа 650.700 км2. Полномошниот претставник на претседателот е Георги Полтавченко.

Местоположба на Централниот федерален округ во рамките на Русија

Составни делови:

  1. Белгородска област
  2. Брјанска област
  3. Ивановска област
  4. Калушка област
  5. Костромска област
  6. Курска област
  7. Липецка област
  8. Москва
  9. Московска област
  10. Орловска област
  11. Рјазањска област
  12. Смоленска област
  13. Тамбовска област
  14. Тверска област
  15. Тулска област
  16. Владимирска област
  17. Воронешка област
  18. Јарославска област

Поделба на Централниот федерален округ

Надворешни врски уреди