Цвиланце

село во Општина Старо Нагоричане

Цвиланце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Цвиланце
Цвиланце во рамките на Македонија
Цвиланце
Местоположба на Цвиланце во Македонија
Цвиланце на карта

Карта

Координати 42°13′5″N 21°55′37″E / 42.21806° СГШ; 21.92694° ИГД / 42.21806; 21.92694
Регион  Североисточен
Општина  Старо Нагоричане
Област Козјачија
Население 33 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1302
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17105
Надм. вис. 531 м
Цвиланце на општинската карта

Атарот на Цвиланце во рамките на општината
Цвиланце на Ризницата

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948162—    
1953186+14.8%
1961181−2.7%
1971158−12.7%
1981131−17.1%
ГодинаНас.±%
199182−37.4%
199460−26.8%
200252−13.3%
202133−36.5%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Цвиланце имало 52 жители, сите Македонци.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 33 жители, од кои 27 Македонци и 6 лица без податоци.[4]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 300 176 162 186 181 158 131 82 60 52 33
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови уреди

Цвиланце е македонско село.

Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Бељавци (5 к.), Ѓорчиновци (4 к.), Вагинци (3 к.), Гузинци (3 к.), Ѓуринци (2 к.), Коларци (2 к.), Колебенци (2 к.), Казаци (1 к.), Марковци (1 к.) и Белевци (5 к.) сите овие родови се доселени, но не знаат од каде се доселиле.[9]

Иселеништво уреди

Од Цвиланце иселувањето водело кон градовите Скопје и Куманово.

Чунгурци се иселиле во селото Војник.[9]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  3. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2017.
  4. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  9. 9,0 9,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница.

Надворешни врски уреди