Цветан (Цветко) Христов,нарекуван Дедо Господ[1] или Попот[2] (Присовјани, Струшко, 1884 - Софија, Бугарија, 9 септември 1914) — македонски револуционер, охридски војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.[3]

Цветко Христов
Роден 1884
Присовјани, Струшко,Македонија
Починал 9 септември 1914
Софија,  Бугарија

Животопис уреди

Христов е роден во 1884 година в струшкото село Присовјани. До 25 март 1903 година бил четник кај Никола Русински, заедно со браќата Тасе Христов и Дојчин Христов - исто така револуционери на ВМОРО.[4]

За време на Илинденското востание е помошник војвода во четата на Тасе Христов и бил војвода на четата од село ’Ржаново. За време на востанието четите, раководени од Тасе Христов го напаѓаат аскерот во селото Елевци. На 3 август четата на Цветко удира од позади и го иагонува башибузукот кој ги заобиколил четите на Тасе Христов. Следниот ден неговата чета е опколена и Цветко бил ранет, но успева да се извлече, по што четите почнуваат да се повлекуваат во Горерн Дебар.[5]. Таму ги продолжил дејствувањата заедно со четите на Смиле Војданов.

Во втората половина на септември, откако го собираат и кријат оружјето од демобилизираните чети во регионот, Цветко, Тасе и Дојчин Христови бегаат во Бугарија, водени по разработен канал од кичевскиот војвода Ванчо Србаков[6]

Во Македонија се враќа со чета во 1905 година. На патот за Охридско четата води борба во Прилепско, каде загинуваат шест четници, а Цветко Христов е ранет. Умира на 9 септември 1914 година в Софија, Бугарија.[7].

Наводи уреди

  1. Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 93
  2. Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.39, 80
  3. Кратка биографија на Цветко Христов
  4. Русински, Никола, „Принос към историята на Вътрешната Македоно-Одринска Революционна Организация (градивен период) за времето 1900-1903 г.“
  5. Спомени - Лазар Димитров
  6. Анастасов, Йордан. „Илинденско-Преображенското въстание 1903—1968“, „Спомени на Смиле Войданов“ стр.204, 206, 210
  7. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 181.