Цветко Мартиновски

Цветко Мартиновски бил македонски раскажувач и преведувач.[1]

Животопис уреди

Мартиновски е роден е на 25 март 1930 година во Скопје. Починал на 27 април 1995 година во Скопје. Завршил Средно стручно училиште. Работел како новинар во Радио Скопје и во повеќе весници („Нова Македонија“, „Трудбеник“, „Просвета“ и „Вечер“). Бил секретар на редакцијата на „Современост“ и уредник во ЗИД „Нова Македонија“. Член на ДПМ од 1953 година. Автор е на книгите: Луњинци (раскази, 1955), Квечерини и разденувања (раскази, 1959), Пријатели (раскази, 1962), Одбрани раскази (1967). Добитник е на наградите: „Златно перо“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Божидар Настев“ и на наградата на Авторската агенција на Македонија.

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 154.