Царскиот ѕвонец (руски: Царь Колокол) е најголемиот ѕвонец на светот[1], кој се наоѓа во Успенската катедрала во Московскиот кремљ, Русија.

Царска камбана

За создавањето на ѕвонецот, лично царицата Ана Ивановна дала налог на 26 јули 1730 година за нејзина изработка. Како главни мајстори биле избрани браќата Иван Моторин и Михаил Моторин, кои на 25 ноември 1735 година ја завршуваат. Лиењето на камбаната продолжило околу еден час, но растопувањето на металот траело околу 36 часа. Украсите и портретите околу камбаната биле изработени од страна на познатите руски уметници во тоа време: Б. Кобелев, П.Галкин, П.Коктев.

Ѕвонецот тежи 216 тони со висина од 6,14 м пречник и од 6,6 м. Еден дел од бронзата, кој бил користен при лиењето на царскиот ѕвонец, бил од друг ѕвонец, кој исто бил познат под истото име, кој пак бил создаден во 1654 година, и имал тежина од 130 тони. Тој ѕвонец бил уништен при пожар во 1701 година. Во 1836 година, ѕвонецот бил преместен на Московскиот Кремљ.

Наводи уреди

  1. Slobodskoy, Archpriest Seraphim (1996), „Bells and Russian Orthodox Peals“, The Law of God, Jordanville, N.Y.: Holy Trinity Monastery, стр. 624, ISBN 0-88465-044-8

55°45′03″N 37°37′06″E / 55.75083° СГШ; 37.61833° ИГД / 55.75083; 37.61833