Цариградски универзитет

Цариградски универзитет познат како Магнаурски универзитет — најголемото и најпрестижното училиште во Византиското Царство. Во оваа училиште биле школувани децата на императорите и членовите на византиската аристократија, а во некои случаи и некои студенти надвор од овие кругови.

Името потекнува од латинското "голема сала" (magna aula) која се претпоставува дека заедно со катедралата Света Софија била дел од комплексот на императорскиот дворец и имала директен однос кон високото образование.

Школата била основана во 425 година во времето на императорот Теодосиј II со 31 сектори за право, филозофија, медицина, аритметика, геометрија, астрономија, музика, реторика и други предмети. Наставата се одвивала на латински и грчки. Школата опстојувала до 15 век кога се трансформирал во приватен универзитет кој бил потчинет на црковната образовна институција. Никогаш не добил официјален статус на универзитет.

Во текот на 12 век оваа школа била водечки центар на образованието во империјата. По 1204 година, крстоносците престанале со поддршка на училиштето иако властите на Никеја дале поддршка за продолжување на наставата. По реставрацијата во 1261 година биле направени обиди за обнова и враќање на стариот систем, но никогаш не се постигнал стариот сјај.

На оваа школа предавал Свети Кирил.