Хуршид Ахмед-паша

Хуршид Ахмед-паша (турски: Hurşid Ahmed Paşa, османски турски: خورشيد أحمد پاشا; п. 30 ноември 1822) — отомански генерал и голем везир на Отоманското Царство од 1812 го 1815 година.

Хуршид
Ахмед
Паша
Хуршид Ахмед-паша
Голем везир на Отоманското Царство
На должноста
5 септември 1812 – 1 април 1815
Монарх Махмуд II
Претходник Лаз Ахмед-паша
Наследник Мехмед Емин Рауф-паша
Лични податоци
Починал(а) 30 ноември 1822
Лариса

Животопис уреди

Рани години уреди

Хуршид Ахмед-паша е роден во Кавказ и бил од грузиско потекло.[1][2] Уште во младоста бил одведен во Цариград, каде што ја променил верата и станал јаничар. Таму се стекнал со милост кај султанот Махмуд II и добил значајни државни функции.

Египет уреди

По францускиот поход на Египет, најпрвин бил назначен за управител на Александрија во 1801 година,[3] а потоа по наредба на Мухамед Али Паша и за управител на Египет во 1804 година. Хуршид Ахмед-паша бил во сојузништво со британските претставници и се обидел да го протера Мухамед Али Паша и неговите албански повереници од Египет преку доведување на лесна коњаница како делии од Сирија за да им се спротивстави. Меѓутоа, Мухамед Али Паша ги победил делиите и, поддржан од протестите на улемата и водачите на еснафите во Каиро, се прогласил за управител на Египет во мај 1805 година. Хуршид, кого сопствената војска го напуштила, бил опсаден во Каирската цитадела, којашто ја напуштил дури откако го прочитал отоманскиот ферман со којшто Мухамед Али бил назначен за управител на Египет.

Румелија уреди

Во 1808 година, Хуршид бил назначен за управител на Румелија.[4] Во март 1809 година, тој бил испратен во Србија, поточно во Смедеревскиот Санџак, за да го задуши Првото српско востание предводено од Караѓорѓе Петровиќ. На 5 септември 1812 година, ХУршид бил именуван за голем везир на Отоманското Царство и на функцијата останал до 1 април 1815 година. Во тој период, тој останал да биде предводник на воените сили во Србија и го задушил востанието со повторното заземање на Белград во октомври 1813 година. Истата година, бил назначен и за управител на Босанскиот Санџак. и од таа функција успешно се спротивставил на српските сили во Второ српско востание предводено од Милош Обреновиќ.

Последни години уреди

Откако Махмуд Драмали Паша бил поразен во Битката кај Дервенакија, султанот наредил Хуршид да ги преземе работите во своите раце и да спаси што може да се спаси во неповолната положба. Но, неговите противници продолжиле да кројат заговор против него, а дури биле испратени и луѓе за да го убијат. Хуршид бил известен дека неговиот живот е во опасност, но не реагирал и, наместо тоа, извршил самоубиство со труење на 30 ноември 1822 година.

Наводи уреди

  1. Murat Kasap (24 јуни 2009). „Hurşit Ahmet Paşa“. Osmanlı Gürcüleri (турски). Архивирано од изворникот на 2015-12-08. Посетено на 31 мај 2020.
  2. İsmail Hâmi Danişmend, Osmanlı Devlet Erkânı, Türkiye Yayınevi, İstanbul, 1971, p. 71. (турски)
  3. Ahmad Fadl Shabloul. „List of governors of Alexandria (1798-2000)“ (арапски). Архивирано од изворникот на 29 ноември 2007. Посетено на 2008-08-24.
  4. Ali Yaycioglu (4 May 2016). Partners of the Empire: The Crisis of the Ottoman Order in the Age of Revolutions. Stanford University Press. стр. 220–. ISBN 978-0-8047-9612-5.