Хунта (шпански: junta) — советодавна или административна власт. Во секојдневниот говор се однесува на авторитарна држава водена од високи воени лица. Хунтите, како и воените диктатури, најчесто произлегле од воен пуч. Зборот „хунта“ буквално значи „сојуз“ и се однесува на армиски команданти кои ја презеле власта по насилен пат од веќе избраниот претседател, премиер или монарх.

Многу често воените хунти се трансформираат во демократски избрани влади предводени од воените водачи. Изборната победа може да биде поради поддршка од јавноста, политички притисок на власта врз гласачите или изборна измама.