Хуан Себастијан Верон

аргентински фудбалер

Хуан Себастијан Верон (роден на 9 март 1975 година во Ла Плата) — аргентински поранешен фудбалер, играч од средниот ред. Во моментов работи како спортски директор во екипата на Естудиантес де Ла Плата.

Хуан Себастијан Верон
Лични податоци
Роден на 9 март 1975(1975-03-09)(49 г.)
Роден во Ла Плата, Аргентина
Држава Аргентина Аргентина
Висина &100000000000001860000001,86 м[1]
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 23 мај 2017 (42 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1994-1996 Естудијантес Естудијантес Л.П. 60 (7)
1996 Бока Хуниорс Бока Хуниорс 17 (4)
1996-1998 Сампдорија Сампдорија 61 (7)
1998-1999 Парма Парма 26 (1)
1999-2001 Лацио Лацио 53 (11)
2001-2003 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 51 (7)
2003-2004 Челси Челси 7 (1)
2004-2006 Интер Интер 49 (3)
2006-2012 Естудијантес Естудијантес Л.П. 137 (20)
2012 Брандсен 28 (7)
2013-2014 Естудијантес Естудијантес Л.П. 22 (0)
2016-2017 Естудијантес Естудијантес Л.П. 1 (0)
Репрезентација
1996-2010 Аргентина Аргентина 73 (9)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Својте почетоци Верон ги направил во Аргентина со екипите на Естудијантес и Бока Хуниорс, а потоа се преселил во Европа каде ги носел дресовите на Сампдорија, Парма, Лацио, Манчестер Јунајтед, Челси, Интер, а потоа повторно се вратил во својата родна земја за да ја заврши својата кариера во Естудијантес.

За време на неговата кариера, тој освоил две италијански првенства (2000 и 2006), четири италијански купа (1999, 2000, 2005 и 2006), двапати италијанскиот суперкупа (2000 и 2005), едно англиско првенство (2003), две аргентински првенства (Апертура 2006 година и Апертура 2010), еден Куп на УЕФА (1999), еден Суперкуп на УЕФА (1999) и една титула во Копа Либертадорес (2009). За аргентинската репрезентација одиграл 73 натпревари и постигнал 9 гола и настапил на три Светски првенства (1998, 2002 и 2010) и на Копа Америка во 2007 година.

На поединечно ниво, тоа бил именуван 2 пати за Аргентински фудбалер на годината (2006 и 2009) и 2 пати за Јужноамерикански фудбалер на годината (2008 и 2009). Во март 2004 бил избран од страна на Пеле во ФИФА 100 листата, специјална класификација, која ги вклучува најдобрите играчи - кој биле живи во времето на изготвување на листата - во историјата на овој спорт.

Титули уреди

  Естудиантес уреди

  Парма уреди

  Лацио уреди

  Манчестер Јунајтед уреди

  Интер уреди

Наводи уреди

  1. „Juan Sebastián Verón profile“. Sky Sports.

Надворешни врски уреди