Хуан Карлос Перес Непомусено Рулфо Вискаино[1] (шпански: Juan Nepomuceno Carlos Pérez Rulfo Vizcaíno;), (16 мај 1917, Сајула Мексико - 7 јануари 1986, Мексико (град)мексикански писател, сценарист и фотограф. Репутацијата на Рулф лежи на две мали книги;„Рамницата што гори“ (El Llano en llamas), кој се состои од седумнаесет раскази објавени во 1953 година И книгата „Педро Парамо“, објавена во 1955 година. Тој е еден од најпрестижните писатели на 20 век. век, иако не се истакнува по бројот на пишани дела. Исто така, Хуан Рулфо и Хорхе Луис Борхес биле прогласени за најистакнати писатели во тој период на шпански јазик.

Хуан Рулфо
Juan Rulfo
Роден/аJuan Nepomuceno Carlos Pérez Rulfo Vizcaíno
16 мај 1917
Сан Габриел (Халиско), Мексико
Починат/а7 јануари 1986(1986-01-07) (возр. 68)
Мексико Сити, Мексико
Занимањеписател, сценарист, фотограф
Значајни делаРамницата што гори (1953)
Педро Парамо (1955)
Педро Парамо
Книгата Педро Парамо

Биографија уреди

Роден е во 1917 година. во Сајула, мал град во државата Халиско, и го поминал своето детство во сиропиталиште во Гвадалахара. Неговиот татко бил убиен во 1923 година, како и многу членови на неговото семејство.[2]

Со објавувањето на збирката раскази, „Рамницата што гори“ (El Llano en llamas) (1953), кој го опишуваат животот на земјоделците во регионот на Халиско во сувите времиња во расположливата природа, станал еден од најпознатите писатели на мексиканскиот модернизам. Во 1955 година го објавил романот Педро Парамо, во кој се опишува конфузијата помеѓу светот на мртвите и живите. Овој роман, кој имал меѓународно влијание и успех, особено ја отсликува фасцинацијата на мексиканскиот народ со смртта.

Од 1946 година тој се посветил на фотографијата, во која создавал и исклучителни дела. Тој работел во компанијата Гудрих-Еускади од 1946 година. до 1952 година како комерцијален патник. Во 1947 година се оженил со Клара Анџелина Апарисио Рејес, со која имал четири деца. Од 1954 година до 1957 година тој бил соработник и уредник на Комисијата Папалоапан во Националниот автохтон институт во Мексико Сити. Исто така, има и повеќе од 6.000 негативи на негови фотографии во фондацијата „Хуан Рулфо“.[3]

Хуан Рулфо бил еден од најголемите латиноамерикански писатели на 20 век, кој припаѓал на литературното движење наречено „магичен реализам“. Затоа, во неговите дела постои комбинација на реалност и фантазија, чие дејство се одвива во латиноамерикански амбиент, а ликовите ја претставуваат и ја рефлектираат типичноста на местото, и со своите големи социо-културни прашања се преплетуваат со светот на фантазијата.

Интересно, по две успешни книги, тој постепено се оддалечил од пишувањето и започнал да работи за телевизија. Ја завршил својата кариера како директор на уредничкиот тим на автохтониот институт во Мексико ( шпански: Instituto Indigenista de México) Умрел во Мексико на 8 јануари 1986 година.[4]

Библиографија уреди

  • „Парче ноќ “, (pedazo de noche), единствениот преостанат фрагмент од романот „Обесхранбен син“ (El Hijo del desaliento)
  • „Животот не е многу сериозен во своите работи “ (La vida no es muy seria en sus cosas), (приказна) (1945)
  • „Рамницата што гори“ (El llano en llamas), (1953).
  • Педро Парамо, (1955).
  • „Златниот петел“ (El gallo de oro ) (1980).

Наводи уреди

  1. „Juan Nepomuceno Carlos Pérez Rulfo Vizcaíno | El oficio de historiar“. Архивирано од изворникот на 15. 10. 2015. Посетено на 22. 10. 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  2. „Así era Juan Rulfo“. Посетено на 22. 10. 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Photographic Exhibition on Juan Rulfo Opens“. Посетено на 22. 10. 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „La obra breve de Juan Rulfo, a 26 años de su muerte | Poblanerías en línea“. Посетено на 22. 10. 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

 

Надворешни врски уреди