Хронологија на монголската историја

Историја на Монголија
Пред Џингис-хан
Монголско Царство
Ханати
- Чагатајски ханат
- Златна Орда
- Илханат
- Династија Јуен
Тимуридско царство
Могулско царство
Кримски ханат
Сибирски ханат
Ѕунгари
Династија Ќинг
Република Кина
Монголска Народна Република (Надворешна Монголија)
Современа Монголија
Менгѓанг (Внатрешна Монголија)
Народна Република Кина (Внатрешна Монголија)
Бурјатска Монголија
Калмичка Монголија
Хазарски Монголци
Ајмачки Монголци
Хронологија
уреди



Маџурска ера уреди

  • 1620-те и -30те: Лигден Кан, последниот монголски голем кан, успеал да создаде нова империја со центррализирање на контролата над неколку монголски племиња.
  • 1632: Лигден се упатил кон Тибет за да ја уништо Жолтата Секта.
  • 1634: Лигден умира кај езерото Кингај.
  • 1636: Повеќе јужни монголски племиња се приклучиле кон Манџурците и се формирала династијата Ќинг.
  • 1640: Занабазар, синот на Тушет Кан е признат како првиот Џебцундамба Хутугту.
  • 1688: судир помеѓу Ѕунгарите од една страна и Тушет Хан и Сецен Хан од друга страна.
  • 1691: Халха и Манџурците се обединиле.
  • 1696: Халха и Манџурците ги презеле владенијата ха Халха.
  • 1756/57: Нереди во Ѕунгарите.
  • почнувајќи околу 1907: Спроведување на нова политика од страна на династијата Ќинг.

Модерна ера уреди

  • 1 декември 1911: Монголија прогласи независност од династијата Ќинг по водство на Богд Хан.
  • 29 декември 1911: Богд Ханатот е прогласен и Богд е назначен за Хан.
  • 1919: Монголија е окупирана од Кина.
  • февруари 1921: Роман Унгерн ги истерува кинеските трупи од Улан Батор и станува монголски диктатор.
  • 13 март 1921: Унгерн прогласува независност на Монголија.
  • 18 март 1921: партизанските трупи предводени од Дамдин Сухбатор го поразил кинескиот гарнизон во монголскиот дел на Кјахта.
  • Пролет-Лето 1921: Дамдин Сухбатор со поддршка на Црвената армија ги поразил воените сили на Унгерн.
  • 26 ноември 1924: По смртта на Богд Хан, се создала Монголската Народна Република во Надворешна Монголија.
  • 1928-1932: Пропаднал обидот за колективизација.
  • 1936: Принц Демчугдонгруб ја формирал монголската воена влада во Внатрешна Монголија за ослободување од Кина.
  • 1937: Монголската Воена Влада се преименува во Монголска Обединета Автономна Влада.
  • 1937-1939: Сталинистичкиот терор довел до 30.000 умрени луѓе во Монголската Народна Република.
  • Мај -16 септември 1939:Судири помеѓу јапонски и советски трупи во Халхин Гол и на границата на Монголија со Манџурија, завршила со пораз на јапонските сили и со договор помеѓу Јапонија и Советскиот Сојуз.
  • 1941: Монголската Обединета Автономна Влада се преименувала во Монголска Автономна Федерација позната како Менџијанг.
  • Август 1945: Монголската Народна Република објавува војна со Јапонија , еден ден после СССР.
  • 6 октомври 1949: Ново основаната Народна Република Кина ја призна Монголија и воспоставува дипломатски односи.
  • доцни 1950-ти: Успешна колективизација.
  • 1961: Транс-Монголска Железница се завршила со градење.
  • Октомври 1961: Монголија стана членка на ООН.
  • 1962: Монголија стана член на COMECON.
  • Август1984: Отказ на Цеденбал.
  • 27 јануари 1987: Се основале дипломатски односи со САД.
  • Декември 1989: Први демонстрации за реформи.
  • јануари 1990: Големи демократски протести се одржуваат.
  • 2 март 1990: Монголските и Советските власти објавуваат дека сите советски трупи ќе бидат повлечени од монголската територија.
  • Мај 1990: Уставот загарантира повеќепартиски систем и демократски избори.
  • 29 јули 1990: Првите демократски избори се одржале.
  • 3 септември 1990: Првиот демократски состав на Големиот Државен Хурал.
  • 13 јануари 1992: Се имплементирал новиот устав.
  • 8 април 1992: Се усвоил нов изборен закон.
  • 28 јуни 1992: Избори за првиот парламентарен состав. Завршува со победа на МНРП.
  • 6 јуни 1993: Првите директни претседателски избори. Победил Пунсалмагин Очирбат.
  • 30 јуни 1996: Избор на првата некомунистичка влада.
  • 1998: убиство на Санџасуренгин Зориг, министер за инфраструктура и еден од водачите во протестите во 1990.
  • 2 јули 2000: Избор на поранешната комунистичка Монголска Народна Револуционерна Партија формирајќи нова влада на чело со Намбарин Енхбајар.
  • 2003: Монголските сили зеле учество во мировни операции во Авганистан, Ирак и Судан.

Поврзано уреди