Христо Апостолов (1860-1912) — македонски револуционер, горноџумајски војвода и член на Македонската револуционерна организација.[1]

Христо Апостолов
Роден 1860
Брежани, Горноџумајско
Починал 8 октомври 1912
Свети Мина, Бугарија

Животопис уреди

Христо Апостолов е роден во 1860 година, во селото Брежани, Горноџумајско, тогаш во рамките на Отоманското Царство. Во 1898 година бил уапсен од турската власт и затворен во Беаз Куле во Солун. Зел учество во Горноџумајското востание во 1902 година, кое било организирано од Врховниот комитет. Учествувал во Илинденското востание во 1903 година.

Загинал на 8 октомври по стар стил, 1912 година, со целата своја чета во близина на родното село, во месноста Свети Мина.

Наводи уреди

  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 12