Христо Андоновски

Христо Андоновски (Цакони, Воденско, Егејска Македонија, 15 септември 1917 - 15 октомври 2006 во Скопје) — македонски новинар.

Христо Андоновски
Роден 15 септември 1917
Цакони, Воденско
Починал 15 октомври 2006
Скопје, Македонија

Христо Андоновски основно училиште на грчки јазик завршил во родното село, гимназија во Воден, а дипломирал на Педагошката академија во Солун. Неколку години работел како учител во Мегленско. Учествувал во Движењето на отпорот од 1941 година и во Граѓанската војна во Грција, при што бил на високи функции.

По доаѓањето во Република Македонија работел како уредник на програмата на грчки јазик на Радио Скопје, а бил уредник и на весникот „Глас на Егејците“ и на списанието „Македонија“. Во својата историографска работа најголемо внимание им посветува на темите од Егејскиот дел на Македонија.

Објавени дела уреди

  • „Егејска Македонија“ (1951)
  • „Мегленската област во НОБ“ (1961)
  • „Македонците под Грција во борбата против фашизмот“ (1968)
  • „Дипломатската антимакедонска игра“ (1970)
  • „Драмско востание“ (1969)
  • „Револуционерот Лазо Трповски“ (1975)
  • „Вистината за Егејска Македонија“ (1970)
  • „Странците за Македонија и Македонците“ (1978)
  • „Јужна Македонија од Античките до денешните Македонци“ (1995)

Извори уреди