Храм на петте пагоди

градба во Хохот, Кина

Храмот на петте пагоди (Ву Та Си) е будистички храм во градот Хохот во Внатрешна Монголија во НР Кина. Сместен е во стариот дел од градот. Градбата на храмот започнала во 1727 година и се завршила во 1732. Различните пагоди што се наоѓаат таму се богати со 1563 слики на Буда насликани на ѕидовите. Во внатрешницата има монголска космолошка карта свиткана во камен, што претставува зодијак и позиции на различни ѕвезди.

Храмот на петте пагоди во Хохот