Хофкирхе (Дрезден)

Хофкирхе (германски: Katholische Hofkirche) и од 1980 исто така позната како Kathedrale Sanctissimae Trinitatis („Катедрала Света Троица“) е римокатоличка катедрала во Дрезден. Претходно најважна католичка парохиска црква во градот, била издигната до степен катедрала на Римокатоличката бискупија Дрезден-Мајсен во 1964. Се наоѓа близу реката Елба во историскиот центар на Дрезден, Германија.

Хофкирхе со Земперовата опера на десната страна.

Историја уреди

 
Црквата околу 1840

Хофкирхе важи за една од најпознатите знаменитости на Дрезден. Била проектирана од архитектот Гаетано Кјавери од 1738 до 1751.[1] Црквата била градена од Август Трети Полски, додека протестантскиот град Дрезден ја градел Фрауенкирхе помеѓу 1726 и 1743. Изборниот кнез одлучил дека католичката црква е потребна со цел да се одржи рамнотежа со протестантската Фрауенкирхе.[1]

Во криптата запопано е срцето на кралот Август Втори Силниот заедно со последниот крал на Саксонија и остатоците на 49 други членови на семејството Ветин, како и луѓе кои се венчале за членови на семејството.

Црквата била многу оштетена во текот на бомбардирањето на Дрезден во Втората светска војна и била обновена во средина на 1980-тите под режимот на Источна Германија. Денес е катедрала на Римокатоличката бискупија Дрезден-Мајсен.

Катедралата поседува грижливо обновени оргули, последно дело на градителот на оргули Готфрид Зилберман.

Внатрешност уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Fritz Löffler: Das alte Dresden - Geschichte seiner Bauten. 16th ed. Leipzig: Seemann, 2006, ISBN 978-3-86502-000-0 (германски)

Надворешни врски уреди

51°03′13″N 13°44′15″E / 51.05361° СГШ; 13.73750° ИГД / 51.05361; 13.73750