Хортач

планина во околината на Солун, Егејска Македонија

Хортач или Ортач (грчки: Χορτιάτης) — планина во Солунско, Егејска Македонија. Се издига југоисточно од Солун a највисокиот врв Кисо со височина од 1.201 м. Покрај самиот град, на подножјето на планината се расположени неколку градски населби и села, од кои позначајни се Хортач и елитната населба Арсакли (грч. Панорама), обете во општината Капуџилар-Хортач. Планините се прекриени со шумовити предели. Еден од овие предели го сочинува и шумскиот национален парк. По планината е наречен и горњачки ветер што дува во Солунскиот Залив.

Хортач
Χορτιάτης
Поглед на Хортач
Највисока точка
Надм. вис.1.201 м
Координати40°34′54″N 23°06′59″E / 40.5816° СГШ; 23.1163° ИГД / 40.5816; 23.1163
Географија
Хортач на карта

Карта

МестоСолунско, Егејска Македонија
Карта

Кон север Хортач продолжува во пониската планината Сиври Тепе која се протега сè до Горчливото Езеро на границата со Кукушко.

Планината е од суштинска важност за водоснабдувањето на Солун уште од древни времиња, па до денес. Во доцновизантискиот период (околу 1300 г.), манастирот на северните падини на планината го снабдувал градот и подрачјето на исток со вода по аквадукт чии остатоци се видливи и денес.

Поврзано уреди

Галерија уреди